Втор пораз на кошаркарите, Естонија победи во Скопје

Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби и во вториот натпревар во претквалификациската група за пласман во квалификациите за Светското првенство во 2019. Естонија вчеравечер славеше во Скопје со 80:76. Македонија со овој пораз максимално си ги намали шансите за пласман на едно од првите две места во групата.

Македонските кошаркари против Естонците одиграа добро само во првата четвртина, по која акумулираа предност од 12 поени (29:17), но во остантите три далеку под посакуваното ниво, што на крајот четата на Давитков ја однесе во пораз.

Естонците, во вториот период влегоа во ритам, го искористија падот во играта на Македонија и до полувремето негативата од 12 поени ја претворија по предност од еден поен (42:43).

Третата четвртина донесе резултатска нишалка, двете репрезентации се менуваа во водството, но по 30 минути игра Естонија ја задржа предноста (61:63).

Последниот период беше најлош во играта на Македонија, одбраната далеку од посакуваното ниво, нападот најчесто се сведуваше на индивидуални решенија, реализацијата на слободните фрлања подпросечна.

Естонците имаа на нешто повеќе од четири минути до крајот 68:75, Македонија со многу труд успеа да намали на 73:75, но пресврт на Македонија не и дозволи Сок кој со тројка одново ја однесе Естонија на безбедна разлика 73:78. Точка на натпреварот стави капитенот Стојановски кој со тројка само го ублажи поразот 76:80.

Капитенот Стојановски со 26 поени беше најефикасен на мечот. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе