Филм & ТВ

Втора година по ред: Скарлет Јохансон најплатена актерка во Холивуд

24. август 2019 - 11:55 | Б.С.Б.

Актерката Скарлет Јохансон заработува милиони, но жените во филмската индустрија и понатаму заработуваат многу помалку од мажите.

На врвот на листата на Forbes за најплатени актерки втора година по ред на врвот се наоѓа актерката Скарлет Јохансон. Според Forbes,  34-годишната актерка има заработено 56 милиони долари во периодот меѓу 1 јуни 2018 година и 1 јуни 2019 година. Добар дел од сумата е од Marvel  филмовите.

Втора на листата е Софија Вегара, со 44,1 милиони долари. По неа следат Рис Витерсоун со 35 милиони, Никол Кидман со 34 милиони и Џенифер Анистон со 28 милиони.

На листата за најплатени актери Јохансон се наоѓа на осмо место, зад колегата Крис Хемсворт. На првото место е Двејн Џонсон, со заработка од 89, 4 милиони долари.

Коментирај