УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Втора победа за Ајакс, нов кикс на Интер

Во воведните два натпревара од 2. коло во најдоброто континентално клупско натпреварување, Ајакс извојува очекувана победа, додека Интер повторно не успеа да победи.

Холандскиот шампион важеше за голем фаворит против Бешикташ кој во Амстердам допатува десеткуван поради големиот број на повредени фудбалери. Ајакс уште во првото полувреме ја завери победата со головите на Стивен Бергхујс во 17-тата и Себастјан Алер во 43. минута, а со тој резултат и заврши натпреварот. Турскиот шампион треба и да биде задоволен што помина само со два гола во својата мрежа, со оглед на доминацијата на Холанѓаните. За 90 минути Турците ниту еднаш не погодија во рамките на холандскиот гол.

Во Киев, пак, се сретнаа италијанскиот шампион Интер и второпласираниот во украинската лига, Шахтар. „Нераѕурите“ важеа за фаворити, но и втор натпревар по ред во Лигата на шампионите не успеаја да постигнат гол и по поразот од Реал во 1. коло сега освоија само бод. Шахтар на периоди беше и подобар противник, но на крајот Интер ги имаше посериозните шанси кои благодарениот на одличниот голман Андриј Пјатов останаа нереализирани.

Останатите денешни натпревари почнуваат во 21 часот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе