Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Македонски Телеком ја организираше втората Т Бизнис конференција под мотото – „За нови дигитални перспективи“. Конференцијата се одржа во Велес, со фокус на мали и средни компании од источна, централна и западна Македонија, како и на институционални корисници. Целта останува иста: да се промовира помасовно користење на дигиталните решенија, што ќе придонесе за забрзување на дигиталната трансформација на општеството.

Експерти од Македонски Телеком презентираа и отворија дискусија на темите: сајбер безбедност, клаудификација, дигитална канцеларија, дигитални управувани услуги и паметни ИКТ решенија. 

„Дигиталната трансформација денес е неопходна за бизнисите. Наша задача како технолошки лидер и доверлив партнер е да го поттикнеме и забрзаме тој дигитален премин, што е уникатна можност за економски раст и развој на целото општество. Токму затоа веруваме дека знаењата и решенијата за дигитализација треба да се споделат со што е можно повеќе компании низ цела Македонија, за сите заедно да можеме да одговориме на предизвиците на модерното време “  – изјави Марјан Богатиновски, Главен директор за деловни корисници на Македонски Телеком.

Решенијата коишто беа презентирани се дел од портфолиото на Македонски Телеком, а освен постојните, се презентираше и ново оригинално решение за управување со електрична енергија, коешто е креирано и произведено од Македонски Телеком. Се најави и продолжување на развојот на иновативно решение за телемедицина, коешто ќе направи целосен пресврт во медицината во времето што доаѓа.

реклама

Вучиќ: Вечерва ставив крај на кариерата

Read more

Како правилно се чисти чергичето пред врата?

Read more

Лекар советува каков чај да пиете за намалување на крвниот притисок

Read more

Земјотрес рано утринава ја погоди Грција

Read more

Бизнис

Рекорден скок на акциите на Nvidia, производителот на чипови за вештачка интелигенција

Read more

Зошто Европа трупа залихи на кафе?

Read more

Волстрит се лизна, инвеститорите претпазливи

Read more

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Read more
 

Вести

Продолжениот викенд ги наполни граничните премини

Читај повеќе

Reuters: Путин е подготвен да ја запре војната во Украина

Читај повеќе

Мапа го покажува неуспехот на Србија во лобирањето против Резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе

Силјановска Давкова упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе

24 мај, Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Читај повеќе

Орбан тврди дека Европа се подготвува за пресметка со Русија

Читај повеќе

Земјотрес рано утринава ја погоди Грција

Читај повеќе

Како Косово ќе го реши проблемот на Данска со преполните затвори?

Читај повеќе