Втората сезона на серијата Squid Game сè уште не е емитувана, а веќе е номинирана за Златен глобус во 2025 година.
Серијата беше номинирана за најдобра драмска ТВ-серија, а премиерата ќе биде на 26 декември. Според правилата, квалификацијата е можна за серии кои се емитувале во текот на 2024 година.
Во конкуренција со Squid Game во истата категорија се сериите Shogun, Mr&Mrs. Smith, Slow Horses, The Diplomat и The Day od the Jackal.
Официјалните победници од сите категории ќе бидат претставени на 5 јануари на церемонија во хотелот Беверли Хилтон во Лос Анџелес, пишува The Independent.
Во втората сезона на Squid Game, Ли Јунг-џае се враќа како Сеонг Ги-Хун кој се обидува да стави крај на извртените игри со враќање во натпреварувањето.
Хванг Донг-Хјунк како креатор на серијата призна дека бил под голем стрес поради второто продолжение, но тврди дека парите биле клучниот мотив за продолжението.
„Првата сезона беше глобален успех, но јас не заработив многу“, рече тој.
Заедно со Ли Јунг-џае, во втората сезона повторно глумат Ли Бјунг-хун, Ви Ха-џун, Гонг Ју, а принова во екипата е Парк Сунг-ху. Трејлерот за втората сезона од серијата на Netflix беше објавен пред две недели, а има над осум милиони прегледи.