Пред салонот М-КАР во Скопје Државна Лотарија додели уште еден автомобил MINI ONE од инстант лозот МИНИ И МАКСИ.
Среќниот добитник на кој ги предадовме клучевите од прекрасниот автомобил е Меридон Муртезани од Тетово.
Меридон ни ја раскажа неговата среќна приказна.
Имено, тој често купува инстант лозови, а на роденденот на неговата внука барајќи подарок за неа во трговскиот центар Палма мол во Тетово, од продажното место на Државна Лотарија купиле само два лоза МИНИ И МАКСИ. Еден од двата лоза му донел три исти симболи и посакуваниот автомобил MINI ONE.
Меридон пресреќен за добивката вели дека кој игра тој и добива и дека не престанува тука со игрите на среќа на Државна лотарија.
Тој го напушти салонот со новиот автомобил кој ќе го вози низ улиците на Тетово.
*Промотивен текст