Второобвинетиот Скендер Демири даде исказ за убиството на Никола Саздовски

Скопје, 21 јануари 2019 (МИА) – Второобвинетиот Скендер Демири, во исказ пред судот на рочиштето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски, рече дека не е виновен и дека не знае зошто воопшто застанале со возилото, бидејќи во моментот конзумирал марихуана.

„Не сум крив, ниту јас, ниту Јетон. Само Бесир има учество. Ние двајца влеговме само со намера да ги раздвоиме“, изјави Демири, во исказ пред судот.

Демири, во исказ пред судот, рече дека кога излегол од возилото видел како Јетон се упатува кон Бесир и Никола кои се туркале и го држел Бесир за да го оттргне. Во тој момент Никола се обидел да го удри Бесир, а како што кажа, тој влегол меѓу нив и се обидел да ги раздели.

Објасни дека го потурнал Никола, на кого му се сплеткале нозете и паднал, а потоа паднал и тој самиот врз него. При падот се здобил со гребаница покрај десното око за која не знае дали му ја предизвикал Никола или самиот се повредил. Кажа дека не збележал дали Никола е во несвест зошто се уплашил од насобраните луѓе кои почнале да ги пцујат, туку само станал и почнал да бега, а пред него бегале и Јетон и Бесир.

На прашање од одбраната, рече дека, најверојатно Никола лошо паднал и од тоа починал бидејќи од два три удари од Бесир не можел да почине, како и дека не се сеќава дали имало метален ормар на местото каде паднале со Никола.

Демири, пред судот, кажа дека пет години консумирал марихуана, а поинтензивно во последните три, но дека не купувал бидејќи имал другари кои се занимавале со тоа и секогаш кога ќе им побарал му давале. Рече дека не е зависник од марихуана и оти консумира три цигари дневно со марихуана.

Двајцата обвинети, во исказот пред судот, тврдат дека не го знаеле Никола од претходно и оти не се членови на навивачка група, туку се само симпатизери на клубот.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе