Второто полугодие почнува со физичко присуство, ќе се прави скрининг на учениците

Второто полугодие во училиштата ќе започне со физичко присуство бидејќи, како што денеска изјави министерот за здравство Беким Сали, епидемиолошката состојба го дозволува тоа, а Министерството за здравство ќе прави случаен скрининг меѓу учениците.

Доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, министерот најавува дека ќе бидат преземени мерки.

– Според нашите податоци нема потреба од онлајн учење во овој момент затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерството ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и зависно од регионот, градот или општината ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки, изјави Сали по посетата на вакциналниот пункт на Економскиот факултет во Скопје каде ја прими третата доза на вакцина.

Вчера, Синдикатот за образование, наука и култура побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство. Сметаат дека во ситуација кога расте бројот на новозаболени треба да се започне со онлајн настава во првите две недели, а потоа да се согледа епидемиолошката ситуација за да се почне со физичко присуство.

За иницијативите на групи родители кои најавуваат дека ќе ги пуштат децата без маски на училиште, министерот Сали вели дека тоа се неофицијални иницијативи. Од Министерството апелираат на почитување на мерките како носење маски, држење соодветно растојание и честа дезинфеција. 

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Македонија

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Read more

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Read more

Без вода дел од Карпош

Read more
 

Вести

  • filter

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Читај повеќе

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Читај повеќе

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе