Вучевиќ: Оние кои сакаат отцепување на Војводина протестите ги гледаат како можност за нивните планови

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека брановите протести се можност опозицијата која сака отцепување на Војводина да ги стави на маса ваквите планови, додавајќи дека предводници на тоа се Горан Јешиќ и Динко Грухоњиќ.

Вучевиќ за ТВ Пинк изјави дека ова прашање не се појавило одеднаш и дека оние што сонуваат за тоа и политички се борат за такво сценарио виделе можност по трагедијата од 1 ноември минатата година.

„Брановите протести се можност да ги донесат овие проекти на маса. Тоа нема никаква врска со трагедијата“.

Вучевиќ, рече дека СНС е „можеби за нијанса поблиску“ до излегување на избори отколку до формирање нова влада.

„Ќе донесеме одлука за десет дена, две недели. И двете опции имаат предности, нема да речам недостатоци, но и одредени предизвици. Можеби сме за нијанса поблиску до одење на избори отколку до нова влада, но тоа не значи дека тоа е конечната одлука. Имаме и круг на консултации во рамките на СНС и со коалиционите партнери. Дел од коалиционите партнери веќе се изјаснија дека се за нова влада. Тие мислат дека треба да избереме нова влада“, рече Вучевиќ.

Како што истакна, ќе ги разгледаат сите аспекти.

„Ќе разгледаме што носат двете опции – што носат нови избори или што носи изборот на нова влада. Нема да се водиме од партиски интереси. Тоа го покажавме со овој чин на оставка. Но, кој е интересот на Србија, на граѓаните на Србија, што може да нѐ доведе до смирување, да речеме, на тензиите во општеството или барање социјален дијалог“, рече Вучевиќ.

реклама

Регион

Владата на БиХ ги замрзна цените на 50 прехранбени производи: Добивме сигнал од народот и ќе одговориме

Read more

Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат

Read more

За 72 часа Санторини го погодија 39 земјотреси посилни од 4 степени според Рихтер, околу 9.000 луѓе го напуштија островот

Read more

Вучевиќ: Оние кои сакаат отцепување на Војводина протестите ги гледаат како можност за нивните планови

Read more
 

Вести

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Читај повеќе

34-годишен маж силувал дете во напуштен локал во Тетово, па избегал

Читај повеќе

Уапсен велешанец со 11 килограми опиум

Читај повеќе

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Читај повеќе

Синедејс 2025 отвора повик за кратки филмови

Читај повеќе

Камбовски: Комисијата да одлучува внимателно во постапката за Јованов, чувствително е оти предметот е пред Апелација

Читај повеќе

Здружението на судиите: Јавната осуда на судија не смее да биде поткрепена со непотврдени шпекулации

Читај повеќе

Се степале двајца лекари во операциона сала во штипската болница

Читај повеќе

Анализа на Сојузот на стопанските комори: Супермаркетите работат со ниски профити, доставувачите го диктираат пазарот

Читај повеќе