Вучиќ: Државата ќе ги заштити мирот и стабилноста од хулиганските напади

Белград, 9 јули 2020 (МИА) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им порача на граѓаните дека државата ќе може да „го заштити мирот и стабилноста и покрај криминалните, хулигански и насилни напади“, кои, како што рече, „ги шокирале сите“.

Во видео порака на официјалниот профил на Instagram на Иднина за Србија, Вучиќ ги спореди синоќешните немири во Нови Сад со упадот на фашистичките единици во градот во 1941 година и ги замоли сите граѓани „во Белград и Нови Сад и сите други градови“ да не „се спротивставуваат на насилниците“.

„Ние, како држава, ќе го сториме тоа. Ќе го сочуваме мирот за нашата држава“.

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, коментирајќи ги синоќешните протести на улиците во Белград тврди дека има обид за државен удар и насилно преземање на власта и обид за предизвикување граѓанска војна во Србија.

Во изјава за ТВ Пинк тој нагласи дека нема причина да се запали Градската куќа во Нови Сад, да се напаѓа полицијата, да се тепаат луѓе на улиците и да се загрозат животите и имотот на граѓаните на Србија.

Најмалку 19 полицајци и 17 демонстранти се повредени во синоќешните протести во Белград против намерата да се воведе полициски час како мерка за борба со коронавирусот.

Според лекарите во Итната медицинска помош, нема тешко повредени лица.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе