Вучиќ: Го познавам Путин, Србија ќе ги подготвува скривниците за нуклеарен напад

Ако безбедноста на Москва и нејзиниот народ е загрозена, Путин ќе користи нуклеарно оружје, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој кажа дека и Србија ќе се подготвува за нуклеарен напад.

„Путин нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје. Ние како земја не сме подготвени. Имаме скривници кои во моментов може да соберат само 258 илјади луѓе. Мораме да ги обновуваме, и да дојдеме до 1 милион. Ќе треба да разговараме со луѓе кои имаат спортски сали, пералници, продавници, за да ја достигнеме бројката од 1,5 милиони луѓе што можеме да ги сместиме во засолништа. Ние нема да бидеме мета, но ќе бидат мета сите околу нас, и затоа мораме да водиме сметка. Им се извинувам на граѓаните што таа работа навреме не ја направивме, но ќе се занимаваме со тоа што е можно побрзо“, рече српскиот претседател синоќа во обраќање кон граѓаните на Србија.

„Познавајќи ги сите актери, мислам дека никој нема да се двоуми да ги искористи сите алатки што ги има. Малкумина го познаваат претседателот Путин како мене, ниту се критикувам, ниту се фалам со тоа“, посочи тој и додаде:

„Ако е загрозена безбедноста на Москва и нејзините сили, ако нема излез, однапред ви велам дека нема да се двоуми ниту еден час, да го искористи нуклеарното оружје“, тврди српскиот претседател.

„Не сум сигурен дека некој мировен предлог може да помине. Ги познавам двете страни. Ниту Володимир Зеленски може да се откаже од својот интегритет и Уставот, ниту Путин може да се откаже од својот Устав во кој четири области веќе станаа составен дел на Русија. Сите ќе настапуваат со максималистички барања, а кога се оди со максималистички барања, се плашам дека работите ќе завршат со катастрофа“, рече тој.

Тврди и дека имал информации од еден од светските центри на моќ дека може да има божикно примирје. „Надеж ми даде информацијата дека некој ќе понуди божикно примирје. Сега, како што гледам, ништо не излезе од тоа. Тоа требаше да трае 15 дена“, нагласи тој, пренесува Телеграф.

Вучиќ истакна дека имал отворен разговор со Володимир Зеленски и дека украинскиот претседател малку му се налутил кога зборувал за компромис и примирје. Тој претпоставува дека и Путин ќе му се налути бидејќи „не му се допаѓа примирјето во овој момент“.

„Ова што се случува сега нѐ води само до светска катастрофа, исто како што за жал предвидов. Ако имате 10 чекори до целосна катастрофа, ние веќе преминавме 9“, рече тој.

Вучиќ изјави дека на покана на Путин на 9 мај ќе учествува на прославата на Денот на победата, годишнината од победата во Втората светска војна. „Ако светот не заврши, а јас повеќе не сум сигурен, а се надевам дека нема, би ми било голема чест да бидам на Црвениот плоштад 80 години по ослободувањето од фашизмот, како што бев на 75 ​​години од ослободувањето, тогаш Нетанјаху и јас бевме единствените гости“, заклучи тој.

реклама

СМС пораката која стигна до граѓаните е тест за масовно известување во кризни состојби

Read more

Како никогаш не треба да чистите паркет и ламинат во домот

Read more

Словенците развија мотор што го претвора секој автомобил во ѕвер

Read more

Мистеријата на снимката од падот на индискиот Boeing во кој загинаа 260 луѓе

Read more

Регион

Воениот злосторник Шешељ ја промовираше книгата „Немаше геноцид во Сребреница“ во Белград

Read more

Жељазков: Мицкоски треба да најде начин да се извини

Read more

Бугарското МНР реагира откако беше повикан нивниот амбасадор: Се демонстрира непочит кон нашата земја

Read more

Хрватска го враќа задолжителниот воен рок

Read more
 

Вести

Мистеријата на снимката од падот на индискиот Boeing во кој загинаа 260 луѓе

Читај повеќе

ФЗО ќе покрива шест бесплатни обиди за вештачко оплодување

Читај повеќе

Синот на Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна

Читај повеќе

Путин жестоко нападна во близина на границата со ЕУ

Читај повеќе

Nvidia вреди повеќе од Mercedes, Siemens, Deutsche Telekom и Volkswagen заедно

Читај повеќе

Абориџинските петроглифи се вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО

Читај повеќе

Лавров пристигна во Северна Кореја

Читај повеќе

Воениот злосторник Шешељ ја промовираше книгата „Немаше геноцид во Сребреница“ во Белград

Читај повеќе

Aрсовска нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: Побарала лекарска помош

Читај повеќе