Вучиќ: Ништо не бараме од Македонците, само братство и пријателство

Белград, 29 јули 2021 (МИА) – Економскиот форум во Скопје и дводневната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ се главна тема на медиумите во Србија, меѓу кои Танјуг и ТВ Пинк директно ја пренесуваат посетата и неговите средби и одржувањето на Форумот, јави дописникот на МИА од Белград.

По синоќешниот директен линк на ТВ Пинк од прошетката на Вучиќ со премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама долж кејот на реката Вардар и центарот на Скопје, како и обраќањето на претседателот на Србија до српската јавност, медиумите јавуваат и за неговата средба со легендарниот македонски и југословенски фудбалер Дарко Панчев, како и за врачувањето на благодарница од претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, за обезбедување помош при вакцинирање на бизнисмени, што беше организирано на крајот на март во Србија, а потоа и ревакцинацијата.

– Ви благодарам многу за она што го направивте за бизнис заедницата, изјави Азески.

Вучиќ од своја страна нагласи дека му било голема чест да ја добие таа благодарница.

– Ние само се однесувавме нормално, како што би направиле сите нормални луѓе, рече српскиот претседател.

Вучиќ изјави дека Србија му помогнала на македонскиот народ во 1963 година, кога Скопје го погоди катастрофалниот земјотрес.

– Немаме што друго да бараме од македонските граѓани, освен пријателство и братство. Не ни треба ни територија или да кажеме дека тоа е наш јазик. Нам ни е важно само да имаме најблиски и најдобри можни односи. Она што го правиме овде ќе направи големи работи за нашата земја, ако не успееме, барем ќе остане дека некој се обидел – за во следните година или две да можеме да поминеме низ нашите три земји, суверени и независни, да поминуваме без граници и да си помагаме едни на други во секое време, истакна Вучиќ.

Претседателот на Србија нагласи дека камионите од Скопје до Белград или Тирана ќе можат да минуваат без запирање, додека другите ќе треба малку да застанат, некое време.

Тој рече дека додека разговарал со граѓаните во Скопје, додека шетал, видел оти луѓето во Северна Македонија денес ја почитуваат Србија повеќе отколку порано.

– Немаме други интереси освен да опстанеме заедно во оваа област и да го подобриме животот и да ги приближиме Белград, Скопје и Тирана, изјави Вучиќ.

Тој, исто така, додаде дека на економскиот форум најмногу компании дошле од Србија – 217, што покажува колкав е интересот во Србија за соработка во регионот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе