Вучиќ: Односите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија никогаш не биле подобри

Задоволни сме со она што го имаме. Односите меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија никогаш не биле подобри, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на Светскиот економски форум во Давос, говорејќи за иницијативата Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

– Луѓето мислат дека треба да бркаме некого за да го оправдаме своето постоење. Не мораме. Ги поканивме сите. Среќни сме со тоа што го имаме, би сакале да имаме повеќе, но задоволни сме. Имаме добра соработка со сите, изјави српскиот претседател за ТВ Пинк од Давос.

Според Вучиќ, кој сака соработка е добредојден во иницијативата.

– Имате голем пад на популарноста на ЕУ не само во Србија, туку и во Северна Македонија. Имате клацкалка, треба да се прашаме како би гласал денес народот. Мора да има вина и на некои земји-членки, а не само наша вина, изјави Вучиќ.

Тој порача дека не може во секое време да се бара од една земја да ја менува својата политика, како што некој ќе мисли дека треба да се менува.

– Србија е на европскиот пат, тоа е единствената политика што ја има Србија, но немојте наместо тоа што го направивте за нас, да слушаме дека треба да воведеме санкции. Србите и граѓаните на Србија се сеќаваат на она што се случи пред повеќе од 20 години. Не можете да се преправате дека сѐ е исто. Треба да се обидете да разберете, да слушнете. Знаеме дека тоа е минато, но барем слушајте нѐ, слушнете ги нашите маки. Не ни повторувајте секој ден што сакате од нас. Ние имаме свој народ, додаде Вучиќ.

На маргините на Светскиот економски форум во Давос, Вучиќ денеска разговараше и со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, кого го поканил да присуствува на претстојниот самит на Отворен Балкан во Охрид.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе