Вучиќ прикажа фотографии со оружје и безживотни тела со траги на мачење

Белград, 7 март 2021 (МИА) – Анализа на ситуацијата на Косово и притисоците од надвор, забрзување на вакцинацијата, борбата против ораганизираниот криминал и набавка на опрема на безбедоносните агенции и војската беа тема на вчерашната седница на српскиот Совет за национална бебзбедност, со која председаваше претседателот Александар Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, она што најмногу ја интересираше јавноста беше темата за борбата со организираниот криминал, за која српскиот претседател на прес-конференцијата изјави дека „Србија успеала во последниот период да се пресмета со неколку криминални групи, кои извршиле голем број убиства“.

Одговорот на криминалните групи ќе биде, како што рече, безмилосен и во согласност со законот и моралот.

– Ние кај членовите на оваа најпозната криминална група (Вељко Беливук) што е зад решетки , првпат успеавме да направиме нешто во техничка смисла. Увезувавме уреди што порано не ги користевме. Членовите на криминалната група имаа фотографии и обележани лица на луѓе во МВР и БИА, кои, како што сметаа, им беа прогонувачи. Тоа се оперативци кои се бореа директно против нив и успеале во тоа. Тие ги ризикуваа своите животи, но успеаја, истакна Вучиќ.

На прес-конференцијата беа покажани фотографии, кои ги докажуваат злосторства за кои е осомничена криминална група предводена од Вељко Беливук (Веља Невоља) на кои се гледаат телата на убиените, како и снајперски пушки.

Вучиќ соопшти и дека пред два дена во областа меѓу Шабац и Лозница е запленет досега најголем арсенал на оружје.

Српскиот министер за полиција Александар Вулин на прес-конференцијата изјави дека полицијата го предала материјалот на Обвинителството за организиран криминал за прислушувањето на претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство.

– Нелегално се снимени 1.572 телефонски контакти и како такви биле нотирани без никаква правна основа, без никаква полициска основа, без никаква полициска причина. Транскриптите од разговорите беа симнувани и носени на некои високи функционери на МВР, изјави Вулин.

Тој додаде дека на тој начин грубо биле повредени човековите права на оние кои било обаработувани без причина, но и на претседателот Вучиќ, неговиот син Данило, неговиот брат Андреј и неговиот татко Анѓелко.

Вулин посочи дека системот е грубо нарушен, и дека мотивите на оние што го прислушувале претседателот се уште не се познати.

– Одреден број членови на Министерството за внатрешни работи беа ставени на полиграф и веднаш да ви кажам, сите паднаа, паднаа на најважните прашања што им ги поставивме, изјави Вулин.  

*Внимание! Делови од видеото се со вознемирувачка содржина! +18

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе