Вучиќ се вакцинираше со кинеската Sinopharm

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја посети „Рудна глава“, каде беше вакциниран со Sinopharm вакцината против коронавирус.

Вучиќ вакцината ја прими во Здравствената станица „Рудна глава“ на Здравствениот дом Мајданпек.

Заклучно со вчера во Белград вакцинирани се 472.572 или 33,57 отсто полнолетни граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

-Бројот на ревакцинирани е 340.760, односно 24,2 отсто полнолетни граѓани. Врз основа на бројот на закажани ревакцинации, знаеме дека денес во Белград бројот на ревакцинирани ќе надмине 25 отсто, односно дека секој четврти Белграѓанин и Белграѓанка ќе бидат ревакцинирани, напиша заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ на својот Facebook профил.

Од почетокот на масовната имунизација, во Белград се дадени 813.332 дози вакцини за вакцинација и ревакцинација, соопшти градскиот секретаријат за информации.

Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија изјави дека досега во Србија се регистрирани 736 несакани ефекти на сите вакцини против коронавирусот.

-Вакцината е ефикасна, безбедна и можеме да видиме излез, изјави Зелиќ за РТС и посочи дека меѓу починатите нема лица кои биле двапати вакцинирани.

Кога станува збор за несаканите ефекти врз вакцините, Зелиќ изјави дека до понеделник напладне се регистрирани вкупно 736 несакани ефекти на сите вакцини, претежно на Sinopharm - 263.

Тој изјави дека имало вкупно 5 сериозни реакции, но дека ниту една не барала подолга хоспитализација.

Вицепремиер на српската Влада и министер за образование, наука и технолошки развој, Бранко Ружиќ, денеска апелираше до студентите да се воздржат од масовни собири и прослави и да ги почитуваат мерките на државата затоа што тие се единствената можност да се изборат со COVID-19 и враќање кон нормалниот живот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе