Вучиќ: Србија не воведува санкции кон Русија

Србија нема да ѝ воведе санкции на Русија, бидејќи се бори за својата политика каде што може, а политика на Белград е дефинирана со заклучокот на Советот за национална безбедност, истакна претседателот на Србија Александар Вучиќ во изјава за медиумите по церемонијата за отворањето на новиот интерконектор меѓу Бугарија и Грција во Софија, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ додаде дека Србија ќе биде под уште поголем притисок по новите случувања на геополитичката сцена и посочи дека до сега Србија секогаш и во најмала криза го извлекувала подебелиот крај и дека сега во најголемата криза треба да се обиде да се спаси.

Тој на констатацијата дека Украина бара што поскоро прием во НАТО, дека Русија ги анектирала украинските територии и на прашањето какви последици ова ќе има за Белград, оцени дека тие на Србија ќе и бидат тешки.

Тој посочи дека во Србија постои навивачки дискурс во кој 80 отсто од луѓето навиваат за руската страна, а 20 отсто се за украинската страна, а има и 10 отсто од оние кои гледаат како Србија треба да се однесува за да опстане.

-Оние кои навиваат ќе ви кажат дека ги штитат српските интереси, но само ако се грижите за Србија, а не за некој друг, ги штитите интересите на Србија, нагласи тој.

Вучиќ додаде дека некои рекле дека Европскиот парламент ќе донесе одлука за прекин на преговорите со Србија поради санкциите, некои дека нема да има напредок и додаде дека ако тоа не е притисок, тогаш тој не знае што е.

-Останува уште некој да ни ја стави главата на трупецот, па да кажат сега ќе земеме и секира, иронично забележа Вучиќ.

Вучиќ одгаварајќи на новинарски прашања, му порача на германскиот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин дека „нема да има независно Косово“ онака како што планира Берлин.

Претходно, германскиот дипломат изјави дека во врска со формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО) на Косово, нема да се дозволи создавање на „нова Република Српска“.

-Не знаев дека за тоа одлучуваат Германците, добро е што господинот Сарацин јавно го кажа тоа. Можам да му кажам, а многу го ценам, да нема ни да има независно Косово како што планирате, рече Вучиќ. 

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе