Вучиќ за гласањето на Резолуцијата за Сребреница: Ќе има разочарувачки вести за ставовите на некои земји за кои не очекувавме да ни забијат нож во грб

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека при гласањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница ќе има „разочарувачки вести“ во однос на позициите на некои земји.

„Ги добивме податоците, секако дека ќе има разочарувачки вести во однос на ставовите на некои земји за кои не очекувавме да ни забијат нож во грб, но очекувавме голем притисок и знаевме дека ќе има промени во ставовите. Цело време молчеа, но застанаа на страната на оние кои се големи и силни“, изјави Вучиќ на новинарите во обраќањето од Њујорк.

Тој изјави и дека верува оти „многумина кои ќе гласаат за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница утре ќе кажат дека таа е за доброто на Србија“.

„Ќе ја повторат празната приказна дека не е колективна вина на српскиот народ“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ рече дека ќе има „и такви кои ќе го издржат притисокот“.

„Парадоксално е што седницата на Генералното собрание на Обединетите нации ќе ја отворат Германците, повторно ќе ни судат, ќе одговорам и ќе возвратам на секој удар, а ќе имаме доволно пријатели кои ќе се појават во четврток навечер“, изјави Вучиќ.

реклама

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици во Зодијакот

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Read more

Фондот оштетен за 8,7 милиони денари од измама со ортопедски помагала

Read more

Регион

Пожар во дом за стари лица во Србија, 8 загинати, неколку повредени

Read more

Хрватски министер поднесе оставка откако се појави видео како пука од автомобил

Read more

Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи

Read more

Вучиќ понуди Србија да биде домаќин на средбата Трамп-Путин: Мислам дека би им одговарало и на двајцата

Read more
 

Вести

За веледрогеријата „Пановски“, изјавите на Лефков се директна закана и клевета

Читај повеќе

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче зела 35 милиони евра тендери само од Онкологија

Читај повеќе

МВР: Уапсените за тероризам планирале напади врз јавни објекти во Македонија

Читај повеќе

Уапсени уште четворица кои во Македонија регрутирале нови членови на ИСИС

Читај повеќе

Фондот оштетен за 8,7 милиони денари од измама со ортопедски помагала

Читај повеќе

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Читај повеќе

ТАВ Македонија и аеродром Скопје: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили сакаат да изнудат податоци од граѓаните

Читај повеќе

Во објект во Врапчиште најдени питбули и доберман користени за борби на кучиња

Читај повеќе

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за Oрганизатори на 27 април

Читај повеќе