Вучиќ за Северина: Ја мрази Србија, ама сака да зема пари од тука

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, зборуваше за приведувањето на Северина на српската граница.

Вучиќ ја спомна и Селма Бајрами и посочи дека двете ја мразат Србија и зборуваат глупости.

„Сега ќе ве изненадам со тоа што имам да го кажам. Му се јавив на Дачиќ утрово, го разбудив, да видам што се случува со Северина. Тој ми рече дека е така и така е и ми рече дека не е приведена, ја држеле на граница 2 часа. И мислам дека е многу глупаво и непотребно. Не поради Северина, за која мислам само најлошо. Ние мора да се разликуваме од нив во сè. Не дај Боже да водам држава во која апсат секој што ги слуша песните на Томпсон. Оставете ги сите, и Селма Бајрами. Тоа што ја мразат Србија зборува за нив. Нема да бидеме земја која апси секој што пее од Томпсон. Северина цел ден зборува глупости, кому му е гајле. Нека кажува што сака...“, рече Вучиќ.

„Во Србија денеска нема кој не реагираше од политичките партии и од т.н. демократска јавност. Затоа што има некоја пејачка, кој вели дека Србија е геноцидна земја, а јас сум диктатор и која знае дека Србите се криминалци, но сака да зема пари овде“, додаде српскиот претседател.

За потсетување, Северина Вучковиќ беше приведена во неделата вечерта на границата меѓу Хрватска и Србија. Српската полиција „ја спровела вообичаената постапка за испрашување, која се применува на сите лица чии изјави државните органи на Србија ги сметаат за сомнителни“.

По разговорите со надлежните органи, Северина добила дозвола за влез во Србија. Сепак, пејачката решила самоиницијативно да се врати во Хрватска, наместо да го продолжи патувањето во Србија.

Синоќа Северина ја раскажа нејзината верзија за задржувањето на границата.

реклама

Регион

Кој е Румен Радев и каков бил неговиот политички пат?

Read more

Голем пресврт во Словенија: Нова шанса за Јанез Јанша да формира влада

Read more

Додик: Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе се обединиме со Србија

Read more

Летаа молотови коктели на протестите во Тирана: Солзавец и водни топови за демонстрантите 

Read more
 

Вести

Израел и Либан ќе одржат втора рунда преговори за три дена во САД

Читај повеќе

Паѓа рејтингот на Трамп: Најнизок во неговиот втор мандат

Читај повеќе

Лукашенко му се закани на Западот: Не дај Боже...

Читај повеќе

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Читај повеќе

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кој е Румен Радев и каков бил неговиот политички пат?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Читај повеќе

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

Читај повеќе