Чек дис аут

Вуди Харелсон претера со пиењето на Вимблдон, стана хит на интернет

15. јули 2019 - 13:44 | А.С.

На трибините на Вимблдон и годинава имаше бројни светски ѕвезди, а финалето во машки двојки го следеше и актерот Вуди Харелсон, кој очигледно супер се забавуваше.

Актерот познат по улогата во хит серијата „True Detective“ малку повеќе претера со алкохолот, па во еден момент мораше да интервенира и обезбедувањето на тенискиот турнир.

Камерите снимија дека Харелсон постојано е со чаша во рака, а не останаа незабележани ни моментите како се клати и пие на скалите откако обезбедувањето го отстрани од трибините.

Неговите пијани гримаси и гестикулации станаа инстантен хит на интернет, особено снимката од моментот кога топка го удри во меѓуножјето.

По завршувањето на мечот остана да седи сам на трибините и да зјапа во мобилниот телефон, најверојатно гледајќи ги своите фејл моменти на социјалните мрежи.

Коментирај