Кинескиот град Вухан, во кој на крајот на 2019 година за првпат се појави коронавирусот, повторно ќе ги тестира сите жители откако во него се открија неколку нови случаи, јавија денеска локалните власти.
Во овој град од 11 милион и жители вчера беа откриени три нови случаи на COVID-19, откако делта варијантата минатиот месец се појави на истокот од земјата.
Последните случаи на COVID-19 во Вухан беа регистрирани во мај 2020 година.
-Градот почнува итно тестирање на сите жители, изјави Ли Тао, претставник на градската администрација.
Вкупно седум работници од други провинции вчера добија позитивен тест на коронавирусот, но четворица од нив не покажуваат никакви симптоми на болеста.
Од минатата пролет речиси и да нема случаи на COVID-19 во Кина, но во последните неколку недели се пријавени нови случаи.
Во цела Кина во јули беа потврдени најмалку 300 инфекции.