Вулин: Големите сили ја фалат Македонија кога ги повредува Србите, но кога шумите ќе почнат да горат Србија е прва на помош

„Како министер за полиција, секоја година испраќав луѓе и опрема да ѝ помогнат на Северна Македонија да ги изгасне пожарите. Така е и денес, српските хеликоптери и пожарникари се борат со огнот за да ги спасат луѓето и имотот на Северна Македонија“, истакна вицепремиерот на Србија и поранешен министер за полиција, Александар Вулин, потсетувајќи дека Србија ѝ помага на Северна Македонија во гаснењето на шумските пожари и покрај фактот што Северна Македонија беше спонзор на антисрпската резолуција за Сребреница.

„Драги наши соседи, следниот пат кога ќе ве повика некој амбасадор и ќе ве замоли да гласате за нешто што длабоко ја навредува Србија, како лага за геноцидот во Сребреница, сетете се кој беше таму кога гореше. Големите сили ве фалат кога ги слушате и ги повредувате Србите и Србија, но кога шумите ќе почнат да горат, Србија е прва на помош“, изјави Вулин пренесуваат тамошните медиуми.

„Имате прекрасен јазик, барајте зборови во него што означуваат чест, лојалност, благодарност“, рече вицепремиерот на Србија.

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска ги испрати припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации кои со хеликоптерот Камов К-32 заминаа во Северна Македонија за да помогнат во гаснењето на шумските пожари и им посака успешна работа.

Дачиќ изјави дека помошта за соседната земја е испратена врз основа на барањето на Владата на Република Северна Македонија за давање помош во гаснењето на шумскиот пожар.

„Овде сме во нашата хеликоптерска единица на Министерството за внатрешни работи за да ги испратиме нашите пилоти и членовите на Секторот за вонредни ситуации, техничкиот тим што ќе биде во Северна Македонија, на нивно барање, за да помогне во гаснењето на пожарот. Подготвени сме да помогнеме секаде каде што е потребно. Секако, имајќи ја предвид процедурата, неопходно е за тоа да има барања од тие земји. Северна Македонија се обрати до сите што можат да помогнат, вклучително и Република Србија“, рече министерот Дачиќ.

„Разговарав со министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, тие имаат неколку други органи кои се занимаваат со оваа проблематика, независно од тоа, нивниот премиер се јави кај нашиот премиер и ние ќе им излеземе во пресрет“, рече министерот Дачиќ, кој ја најави посетата на неговиот македонски колега во Србија.

„Се надевам дека ќе ја постигнеме добрата соработка што ни е потребна не само во борбата против организираниот криминал, туку и против илегалната миграција, како и во вонредни ситуации“, рече министерот.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Read more

Регион

Вучиќ: Србија се издигна како феникс од пепелта

Read more

Вучиќ: Нѐ очекува најдобрата година во историјата на Србија

Read more

Ново пребројување на гласовите во Република Српска

Read more

На Србија ѝ се заканува затворање на една петтина од бензинските пумпи

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Читај повеќе
  • play_arrow

Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајланд ја нападна Камбоџа

Читај повеќе

Како Кина ја добива трговската војна?

Читај повеќе

Цените на нафтата благо растат втора недела по ред

Читај повеќе

Променливо време и температури до 14°C

Читај повеќе

Гужва на границите: На „Дојран“ и „Табановце“ се чека и по 40 минути

Читај повеќе

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Читај повеќе

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Читај повеќе