Вулканот Кумбре Виеха беснее: Се шират отровни гасови, илјадници во карантин

Властите на шпанскиот остров Ла Палма, на Канарските Острови, вчера воведоа карантин за околу 3.000 луѓе, поради страв од можни отровни гасови поврзани со истекување на нов поток лава од вулканот Кумбре Виеха.

Кризниот план за вулкани на Канарските Острови (PEVOLCA) „предвидува карантин“ за жителите на крајбрежните општини и села во близина на местото каде што лавата каскадира во морето во голем облак од бел чад, напишаа службите за итни случаи на островот на Twitter.

Карантин се воведува поради „можно испарување на штетни гасови“, се додава во соопштението.

Remote video URL

Одлуката опфати „околу 3.000 луѓе“, додаде Мигел Анхел Моркуенде, технички директор на PEVOLCA, на прес-конференција.

Ова е третпат од почетокот на ерупцијата на Кумбре Виеха на 19 септември лава да истече во морето.

Покрај тоа, ова е првпат од почетокот на ерупцијата властите на островот да побараат од жителите на Санта Круз да носат маска FFP2 за да се заштитат од испарување на сулфур диоксид.

Експертите не го гледаат крајот на ерупцијата, која, според катастарските податоци, уништила речиси 1.500 згради, вклучувајќи речиси 1.100 куќи.

Според последните податоци добиени од европскиот систем Коперник, лавата зафатила 1.065 хектари земја.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Свет

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Read more

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Read more

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Read more

Г7 подготвува мерки против Иран

Read more
 

Вести

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе