Вулканот Тал почна да исфрла лава, се очекува опасна ерупција

Вулканот Тал утрово почна да исфрла лава, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија.

Директорот на Институтот, Ренато Солидум истакна дека сè уште нема знаци за разорна ерупција, но сепак го зголеми нивото на тревога од три на четири од максималните пет.

Вулканот Тал вчера исфрли пепел еден километар во височина, а во околината регистрирани се 75 помали земјотреси, од кои 32 се рангирани како земјотреси од втор ред.

Во регионот на вулканот живеат околу 450.000 луѓе, а поради последните активности евакуирани се 8.000 жители кои се сместени во најмалку 38 центри за евакуација.

Поради активноста на вулканот затворен меѓународниот аеродром во Манила, а претседателот Родриго Дутерте ја стопира работата на Владата и нареди затворање на сите училишта во главниот град на Филипини.

Тал се наоѓа околу 70 километри јужно од Манила и е комплексен вулкан, што значи дека нема еден отвор или конус, туку неколку точки на ерупција, кои се менуваа со текот на времето.

Вулканот Тал го сметаат за опасен бидејќи има „вулкан внатре вулканот“.

Во претходните 500 години Тал еруптираше повеќе од 30 пати, а последниот пат во 1977 година. За ерупцијата во 1911 година страдаа 1.500 луѓе.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе