Вундеркинд сензации во Бундеслигата од кои се очекува многу
Football Daily продолжуваат со анализите на фудбалските клубови, играчи и секако - млади таленти. Оваа недела е за листа од 11-те најдобри млади играчи во Бундеслигата, вистински вундеркинд сензации од кои се очекува многу.
Доволно се зборува за Џејден Санчо и Ерлинг Харланд, германската лига има многу други имиња за кои вреди да се издвои време и простор.
На листата се двајца квалитетни француски играчи во Лајпциг – Ибрахим Конате и Кристофер Нкунку – како и момчето кое би можело да биде иднината на нападот во Баерн Минхен – Џошуа Зеркзи.