The Wall Street Journal: Instagram ги поврзува педофилите

Купувачите и продавачите на содржини со малолетнички секс развиле просперитетна мрежа благодарение на алгоритмите за откривање на Instagram, платформата за споделување фотографии во сопственост на гигантот Meta, пренесува The Wall Street Journal.

„Instagram ги поврзува педофилите и ги води до продавачите на содржина преку системи за препораки, кои се одлични во поврзувањето на оние што споделуваат интереси“, објави весникот врз основа на истрагите што ги спровел заедно со Универзитетот „Стенфорд“ и Универзитетот „Амхерст“ во Масачусетс.

Според истражувачите, сексуализираните профили на платформата се бесрамни во врска со своите интереси, но не објавуваaт нелегални материјали избирајќи, наместо тоа, да понудат менија на содржина.

„Тие користат одредени емотикони како код, па, така, мапата значи ‘лице привлечено од мали’ – еуфемизам за педофил – а пицата со сирење е кратенка за детска порнографија. Многу корисници се опишуваат себеси како љубители на малите нешта во животот“, вели Брајан Левин, директор на UMass Rescue Lab во „Амхерст“.

„Дури и минорен контакт со педофилски профил може да го активира алгоритмот на Instagram да почне да го препорачува на други корисници“, предупредува Сара Адамс, Канаѓанка што се бори против експлоатацијата на децата.

„Проблемот со Instagram се сведува на карактеристиките за откривање содржина, начините на кои се препорачуваат темите и колку платформата се потпира на пребарувањето и врските помеѓу профилите“, вели Дејвид Тил, главен технолог во интернет-опсерваторијата на „Стенфорд“, кој претходно работел во Meta.

Истражувачите велат дека платформата дозволува и пребарувања за кои Meta признава дека се нелегални. Корисниците добиваат известување дека содржината може да содржи сексуална злоупотреба на деца и им нуди две опции: Get resources и See results anyway.

Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца, непрофитна организација која работи со американските органи за спроведување на законот, примила 31,9 милиони пријави за детска порнографија во 2022 година.

Платформите во сопственост на Meta сочинуваат 85% од пријавите, а околу 5 милиони доаѓаат само од Instagram.

Истражувачите од „Стенфорд“ пронајдоа некои профили за секс со деца и на Twitter, но помалку од една третина отколку на Instagram, кој има далеку поголема база на корисници проценета на 1,3 милијарди.

Twitter исто така не препорачува толку многу профили и многу побргу ги отстранува.

„Експлоатацијата на деца е ужасно злосторство“, изјави портпаролот на Meta.

Компанијата на Марк Цукерберг призна дека имала проблеми во рамките на своите операции за спроведување на правилата и рече дека формирала внатрешна работна група за да се справи со ситуацијата.

Meta активно се обидува да ја отстрани детската порнографија забранувајќи 490.000 профили само во јануари и укина 27 педофилски мрежи во последните две години.

Компанијата исто така соопшти дека ги спречила сексуализираните хаштагови и го приспособила својот систем за препораки откако ги добила резултатите од истрагата на The Wall Street Journal.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе