WhatsApp ја добива опцијата view once за пораки, нема да има screenshot

WhatsApp моментално развива уште една безбедносна функција, а таа е поврзана со текстуалните пораки.

Во ноември 2020 година WhatsApp конечно ја воведе неопходната функција за приватност наречена Dissappearing messages, односно „пораки кои исчезнуваат“, која првично беше достапна само со една опција, односно по 7 дена, но подоцна беа воведени дополнителни опции кои овозможуваат исчезнување на пораките по 24 часа и 90 дена.

WABetaInfo пишува дека WhatsApp сега работи на екстремна верзија на „пораки што исчезнуваат“, кои ќе се читаат/гледаат само еднаш пред да исчезнат и за оној што ги прима и за оној што ги испраќа.

Најновата опција е дел од WhatsApp бета за Android, поточно верзијата 2.22.25.20. Кога корисникот праќа таква порака, примачот нема да може да ја сподели или проследи.

Треба да се напомене дека WhatsApp веќе ја има оваа функција за фотографии и клипови, но сега се проширува и на текстуални пораки. Кога корисникот испраќа view-once, односно еднократна фотографија или видео, примачот не може да направи screenshot од екранот. Се очекува истото да важи и за текстуалните пораки.

Во случај на фотографии и видеа, view-once функцијата се користи со допирање на заокружениот број 1 на десната страна од известувањето за натписот откако ќе се избере саканата содржина. Текстуалните пораки во моментов имаат специјална икона за испраќање со дополнително заклучување, но дизајнот може да се промени откако функцијата ќе излезе од бета верзијата. Кога тоа ќе се случи сè уште не е познато, но корисниците нема да мора долго да чекаат.

Сепак, ништо не ги спречува оние „упорните“ корисници да ја заобиколат оваа безбедносна функција така што на пример ќе го сликаат екранот со друг мобилен телефон.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе