WhatsApp продолжува да воведува контроверзни правила

Компанијата Facebook се обидува на секој начин да ја врати довербата на корисниците, што и самите ја нарушија кога поставија нови услови за приватност за користење на апликацијата WhatsApp.

За потсетување, минатиот месец корисниците на апликацијата WhatsApp добија известување пренатрупано со многу законски термини, во кое, меѓу другото, се содржи дел во кој се наведува дека WhatsApp ќе работи со други апликации во рамките на компанијата Facebook, како на пример, апликациите Facebook и Instagram.

Така, со прифаќање на договорот, корисниците би му пружиле на Facebook голем број овластувања кои не одат рака под рака со апликацијата за шифрирани пораки, што е имиџот што WhatsApp се обидува да го одржи подолго време.

Исто така, во известувањето се вели дека ажурирањето не може да се одбие, туку може само да се одложи - кога ќе дојде крајниот рок, ќе мора да направите избор, или да останете без апликацијата или да ја ажурирате. Милиони корисници потоа се префрлија кај конкуренцијата, односно почнаа да ги користат Signal, Viber, Telegram и други слични апликации.

На официјалниот блог, WhatsApp сега потврдија дека продолжуваат со зацртаните промени. Сепак, одлучија да бидат потранспарентни во комуникацијата со корисниците отколку порано, па детално ќе испратат известување до сите, во кое ќе напишат што точно се менува и на кој начин.

Тековниот рок за прифаќање на ажурирања и нови услови за приватност е 15 мај, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите дотогаш. Можеби популарноста на Signal и Telegram ќе порасне уште повеќе, а можеби на корисниците сепак ќе им се допадне фактот што WhatsApp „се отвори“ малку повеќе, па нема да им пречат промените кога ќе им бидат објаснети.

Тагови
реклама

Hejt SLOVEni, još ste živi? - видеото кое ја запали екс-ју

Read more

Пентагон: Снимките на НЛО од 2019 година се автентични

Read more

Постигнат договор за државјанствата, неизвесна работата на Собранието

Read more

Кој од „Friends“ заработил најмногу?

Read more

Интернет

Дали е возможно да откриете кој ви го гледа профилот на Instagram?

Read more

Проверете дали сте дел од FLoC експериментот на Google

Read more

Паднаа Facebook и Instagram, дали забележавте проблеми?

Read more

Закерберг под притисок за планираниот „Instagram за деца“

Read more
 

Гик

НАСА за првпат лансира екипаж со сонда и повеќекратна ракета на SpaceX

Читај повеќе
  • play_arrow

Видеоиграта „F1 2021“ наскоро пристигнува на PlayStation, Xbox и PC

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени нови снимки од познатата масивна црна дупка M87

Читај повеќе

Студија: 10 пати поголем ризик од тромбоза по COVID-19, отколку од вакцината

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Руската армија се засили со роботски тенкови

Читај повеќе

Концептот Fold ’n Roll го трансформира смартфонот во таблет

Читај повеќе
  • play_arrow

Како би се променила Земјата доколку е во друга галаксија?

Читај повеќе

Лендерот на НАСА „умира од студ“ на Марс, но уште има надеж

Читај повеќе

Колку милиони троши Facebook за обезбедување на Марк Закерберг?

Читај повеќе