WhatsApp воведе можност за праќање пораки самите себе

Конечно WhatsApp ја воведе оваа чудна, но доста корисна функција за испраќање пораки самите себе.

WhatsApp конечно на својот сервис ја донесе функцијата која веќе долго ја имаат неговите конкуренти, но и останатите платформи во сопственост на команијата Meta - праќање пораки сам себеси. Како што наведува WaBetaInfo, новата можност е достапна на верзијата 22.23.74 на iOS, односно верзијата 2.22.23.77 на Android.

Зошто некој би сакал сам на себе да си прати порака? Причината е многу едноставна - некои луѓе оваа функција ја користат за брзо да си ги запишат идеите, некои како потсетник, а трети за да зачуваат линкови. Оваа функција исто така може да биде корисна и за споделување датотеки од една платформа на друга. На пример, можете сами себе на телефонот да си пратите слика, а потоа да ја преземете на компјутер - не е идеално решение, но функционира.

Некои платформи за размена на пораки, како што се Slack и Telegram, на своите корисници им овозможуваат да праќаат пораки самите себеси, а истата функција веќе долго време е достапна и на Messenger и Instagram апликациите. За жал, веројатно најпопуларната апликација за допишување кај нас, Viber, и натаму ја нема оваа можност.

Значи, како самите себе да си пратите порака на WhatsApp? Едноставно отворете нов чет, а кога ќе ви бидат понудени контактите на кои можете да им пишувате, вашето име ќе го видите на врвот на листата. Кога ќе ја одберете опцијата со вашето име ќе се отвори чет со поднаслов Message yourself.

Доколку оваа функција сѐ уште не ви се покажува, не грижете се, новата верзија не стигнала до вас, а тоа наскоро сигурно ќе се случи.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе