WhatsApp, популарната апликација за пораки, продолжува да се подобрува, а корисниците наскоро ќе можат да избираат теми за нивните разговори.
Новата верзија на апликацијата Android (2.24.17.19) навестува поддршка за избор на теми за разговор. Како што може да се види на скриншотот, функцијата сѐ уште е во рана фаза на развој, но дефинитивно доаѓа и ќе им овозможи на корисниците да изберат тема за разговор, што ќе ја промени бојата на пораките и позадината.
Оние што користеле Facebook Messenger знаат што да очекуваат, бидејќи оваа апликација со години го поддржува изборот на теми за разговор. Како и досега, WhatsApp е тој што доцни.
Со оглед на времето потребно за функциите на WhatsApp да се префрлат од бета во стабилна верзија, реално е да се очекува дека корисниците на оваа апликација ќе добијат можност за промена на темата за разговори на крајот на годината.