„Where’d You Go, Bernadette“ – прв трејлер за новиот филм на Ричард Линклејтер
Еден ден, Бернадет Фокс (Кејт Бланшет) слуша како нејзината ќерка разговара со татко ѝ (Били Крудуп) за патувања до Антарктикот, а веќе следниот ден Бернадет исчезнува и нејзиното семејство и пријатели тргнуваат во потрага по трага за нејзиното исчезнување.
Според описот се добива впечаток дека се работи за трилер, додека трејлерот како да ни вели дека ова е една од оние драма-комедии од кои може да се извлече поука. Како и да е, секогаш кога името Ричард Линклејтер ќе се појави покрај некој филмски наслов, тоа е доволна причина да бидеме љубопитни.
Премиерата на „Where’d You Go, Bernadette“ е закажана за 22 март 2019.