Windows 7 и 8.1 остануваат без надградби

Оперативните системи на Microsoft, Windows 7 и Windows 8.1, од 10 јануари ќе останат без безбедносни надградби и техничка поддршка.

Microsoft Edge 109 е последната верзија на прелистувачот што поддржува застарени оперативни системи, но не е единствениот прелистувач што крева раце од Windows 7 и 8.1. Google уште во октомври минатата година објави дека на 7 февруари оваа година неговиот Chrome ќе ја прекине поддршката за споменатите оперативни системи. Иако и двата прелистувача ќе работат на уреди што ги користат, клучните безбедносни надградби и новите функции повеќе нема да бидат достапни. Поддршката за WebView2, алатка која им овозможува на програмерите да вградуваат веб-базирана содржина во нивните апликации, исто така ќе биде прекината на 10 јануари.

Ова значи дека останува многу малку време за корисниците на машини кои сè уште работат со Windows 7, а ги има околу 100 милиони, да се префрлат на понов оперативен систем или на друг начин да се соочат со безбедносни ризици поради употребата на неподдржан оперативен систем и прелистувач.

Едно истражување објавено во октомври направено на 27 милиони Windows уреди покажа дека повеќе компјутери користат Windows XP, 7 или 8 отколку Windows 11.

Сепак, треба да се каже дека Microsoft ги известуваше корисниците навреме, а крајот на поддршката за Windows 7 за прв пат беше објавен во 2020 година. Корисниците кои сè уште ги добиваат надградбите се всушност оние кои платиле за дополнителните три години безбедносни закрпи.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Софтвер

Шест знаци дека некој ви го шпионира компјутерот

Read more

TikTok во САД воведува нови опции за помлади од 18 помалку да го користат

Read more

YouTube Music им овозможи на корисниците да создадат своја радио станица

Read more

Пет совети како да ја забрзате работата на вашиот компјутер

Read more
 

Гик

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Читај повеќе

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Читај повеќе

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Читај повеќе

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Читај повеќе

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Читај повеќе

На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Читај повеќе

Што може да направи Xbox Series X, а PlayStation 5 не може?

Читај повеќе