ДАЛИ ЌЕ ЈА ЗАСЕНИ GAME OF THRONES?

The Witcher ги „запали“ пиратските сајтови

Стриминг платформата Netflix ја најави „The Witcher“ како серијата која ќе ја засени дури и епската „Game of Thrones“.

Откако почна да се прикажува на 20 декември, „The Witcher“ стана една од најжешките теми меѓу обожавателите на ТВ-серии, а во Netflix задоволно тријат раце од гледаноста.

Но, каде што има популарна серија, таму има и пиратерија.

Веднаш по премиерата на серијата со Хенри Кавил во главната улога, сите епизоди беа достапни во најдобра резолуција за гледање на пиратските сајтови.

Критичарите не штедат на пофалби кога зборуваат за серијата која ако гледачите продолжат да ја следат со ваков ентузијазам, дефинитивно ќе ја надмине „Game of Thrones“.

По само два дена од премиерата, серијата имаше оцена од 8,8 на сервисот IMDb.

На пиратскиот сајт Popcorn Time се достапни сите осум епизоди од првата сезона во 720p и 1080p резолуција, со по околу 1.000 „сидери“ на секоја епизода.

Ова покажува колку е барана серијата, но и дека стриминг сервисите уште не се добро заштитени од пиратерија.

Netflix уште не тргнал во „лов“ на оние кои незаконски ја шират серијата, но според сајтот Torrent Freak, стриминг платформата станала членка на уште едно здружение против пиратерија.

 

 

Дали вие ја гледате „The Witcher“? Каква оцена ѝ давате од 1 до 10?

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе