WIWIEN COSMETICS: Кожата, како огледало на нејзиниот однос со себе, го заслужува само најдоброто

„Среќата, мистеријата, самодовербата се тајните за убавина на победниците. Таа убавина е најмоќниот афродизијак“ - Вивиен.

Ова е мотото на новиот македонски бренд во делот на природната козметика под името WIWIEN COSMETICS.

WIWIEN COSMETICS е компанија која е посветена на создавање природна и ефикасна козметика која го негува телото и кожата со состојки со највисок квалитет. Тимот од технолози, биохемичари и експерти за природни производи ја носи убавината на едно ново ниво преку внимателно избрани формули, без да се загрози здравјето и одржливоста на животната средина.

Секој производ е резултат на внимателно одбрани состојки, прецизна формулација и љубов кон природната убавина. Инсистирањето да се  сертифицира оваа козметика според највисоките стандарди за квалитет и иновации на природни и органски производи оди во насока да се  даде гаранција за квалитет и да се стекне довербата на клиентите.

Кожата, како огледало на нејзиниот однос со себе, го заслужува само најдоброто.

WIWIEN COSMETICS во соработка со ECOGEA – Институт за квалитет и иновации на природни и органски производи, гарантира дека секој производ што го нуди е со највисок можен стандард. Професионализмот и страста кои се инвестирани во секој производ се основата на  посветеноста да се понуди најдоброто за клиентите.

WIWIEN COSMETICS не е само козметика. Ова е уметност во пакувањето. Со рафинирани текстури, природни ароми и луксузен изглед, секој производ носи искуство што исполнува со среќа уште од првиот допир.

Во својата палета на производи WIWIEN COSMETICS нуди:

- Путер за тело кој е сосема поразличен од другите путери за тело. А, зошто?
    Разликата е во тоа што овој путер во својот состав содржи голема количина на хидросол кои се интензивно хидратантнин и ја заштитуваат кожата од оштетување. Ефикасноста на маслата и путерите со зголемување на нивната апсорпција во кожата и помагаат да се балансира ПХ вредноста на кожата. На повисоки температури ја задржуваат својата структура, додека обичните путери се топат во топол автомобил, на сончеви зраци или во топол тоалет и трократно ја намалуваат својата содржина и стануваат зрнести. Во путерот се содржи и 22-каратно злато кое штити од радијација, стареење и го зајакнува сјајот на кожата, и не само тоа во составот има екстракт од морски алги кои го зголемуваат производството на колаген, го намалуваат целулитот, имаат одбрамбен механизам од слободните радикали при што ја штитат од предвремено стареење. Путерот содржи и моринга протеин кој многу ретко се сретнува во препаратите за нега на кожа, тој содржи над 30 антиоксиданти. Многу луѓе сметаат дека морингата е големата тајна зад прекрасната кожа која е толку добро позната низ индиската култура, а тајната е во еден важен минерал кој со векови е познат како „минералот за убавина“ - сулфурот. Путерот во себе содржи и витамин Ф.

- Пилингот за тело е многу специфичен кој содржи состојки за чистење на кожата, во себе содржи шеќер како ексфолијант и тоа во оптимална количина за отстранување на мртвите клетки на кожата без да се иритира, а истиот го дополнивме со висококвалитетни путери и масла од органско потекло против сушење и затегнување на кожата и даваат сјаен и хидрантен изглед. За пилингот користиме сорбитол, масло од сладок бадем како одличен омекнувач, витамин Е.

Луксузот во шише е всушност СЕРУМОТ на WIWIEN COSMETICS кој ја трансформира кожата со моќта на природните масла и златни честички. Целта ни беше да развиеме иновативна формула на маслен серум кој за кратко време ќе ја измазни кожата на лицето, ќе и даде сјај и живот, нема да остави масен ефект туку брзи ќе се впива и ќе помага во одржување на хидратацијата на кожата намалувајќи го испарувањето на водата.

Серумот се состои од 20 масла меѓу кои маслото од смеки од домати, памук, афион, масло од папаја, шипка, канола, папаја, вечерна јаглика, јојоба, арган, природен сквалан и други во кои се инфузирани пупки од роза и снегулки од 22-каратно злато „LMBA“ сертифицирани и зачинети со неколку капки есенцијално масло од роза гераниум.

Чистачот за лице и јогуртот за тело се исклучително грациозни и истите содржат 22-каратно злато, сок од листови од алое вера, протеин од пченица, екстракт од аронија, Colloid oatmeal кој помага при одржување на природната ПХ вредност, овес, витамин Е и многу други витамини кои се подобни за здрава кожа.

WIWIEN COSMETICS ве потсетува дека треба да почнете да правите промени.

Да почнете да бидете сами на себе приоритет.

Почни да се сакаш и почитуваш, да му даваш на твоето тело она што му е потребно и да ги храниш твоиите сетила со даровите од природата.

Почни ги промените со мали нешта.

реклама

Здравје

Која храна најмногу ги оштетува забите?

Read more

Каков чај треба да пиете ако имате проблеми со надуеност?

Read more

Што се случува во телото ако јадеме јагоди секој ден?

Read more

Дали шеќерот може да го поттикне развојот на рак?

Read more
 

Магазин

Која храна најмногу ги оштетува забите?

Читај повеќе

Каков чај треба да пиете ако имате проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Бактериската вагиноза не е само женска болест

Читај повеќе

Што ако се омрсите за време на постот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Лесно, здраво и вкусно: Телешко со бамја

Читај повеќе

Работи што треба да ги земете предвид пред да вдомите птица за милениче

Читај повеќе

Ги јадете оброците за помалку од 20 минути: Зошто е пребрзо и зошто треба да забавите?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако јадеме јагоди секој ден?

Читај повеќе

Диететичарите откриваат кое месо е најдобар извор на протеини

Читај повеќе