WOTF - новата религија со морничава приказна

Во светот во кој со векови се случуваат судири и колежи околу тоа чиј Бог е во право, доаѓа и нова религија, која кај многумина ќе предизвика страв.

W(O)TF

Се нарекуваат Way of the Future или WOTF (некои би рекле WTF?) и со обзир дека станува збор за луѓе кои во прв ред ја ценат и многу добро ја познаваат технологијата, приказната за Бог би можела да делува контрадикторно. Делува како нешто кое е извлечено од научно-фантастичен роман или барем како тролање, ама не се работи за шега. Сериозни се.

Нивната идеја е едноставна - да се создадат услови за мирна транзиција од свет во кој владеат луѓето во свет во кој владеат луѓето и машините.

Нивните идеи делуваат како нешто од кошмарите на Елон Маск (кој во повеќе наврати предупреди дека вештачката интелигенција ќе доведе до апокалипса), а лидерите на оваа религија тврдат дека технологијата неминовно ќе стане поможна од луѓето и ќе се претвори во семоќен ентитет кој најдобро би можеле да го опишеме како Бог. Единственото прашање е кој ќе биде на страната на компјутерите.

За каков Бог станува збор?

Првиот човек на WOTF е Антони Левандовски , инженер кој работи на технологија на автономни возила, кој тврди дека нивната мисија е да го подготват човештвото на тоа што сигурно доаѓа, па дури и да с епотрудат дека тоа што се прогнозира - треба да се оствари.

Во разговор за Wired, Левандовски вели: „Не говориме за Бог во смисла на создавање молњи и урагани. Но, доколку говориме за нешто што е милијарда пати попаметно од најпаметниот човек, како поинаку би го нарекле тоа?”

Матното минато на првиот човек

Инаку, Левандовски често беше спомнуван по медиумите, но не поради религијата, туку поради големиот судски спор помеѓу Alphabet и Uber, а се работи за неговата вмешаност во кражба на интелектуална сопственост поврзана со технологија за автономни возила. Откако го напуштил Waymo (компанија на Google за развој на автономни возила) со себе си однел и важни документи кои подоцна биле користени за создавање на технологијата која ја користи Uber.

Koга доаѓа новиот Бог?

Левандовски се нарекува самиот себе „декан” на новата „религија” и предвидува нешто што популарно с енарекува „сингуларитет”. Терминот го сковал математичарот и авторот на СФ романи Вернон Винџ, а го објаснува моментот во кој вештачката интелигенција ја надминува човечката. Многу футуриси го прифатија терминот, помеѓу кои и Реј Курцвел, кој е уверен дека сингуларитетот ќе стапи на сцена во 2045 година.

Сакате да бидете милениче или стока?

Приказната почнува да добива морничави облици, бидејќи по многу нешта потсетува на тоа што би се очекувало од класичен култ.

„Веруваме дека на машините им е важно да препознаат кој е пријателски настроен кон нивната цел, а кој не е. Планираме тоа да го направиме така што водиме евиденција кој што прави и колку долго, за да помогнеме кај мирната транзиција”, објаснуваат WOTF.

Левандовски дополнително ја зачини приказната да бид еуште поморничава со предвидување на иднина во која владее божествена интелигенција во која луѓето немаат премногу избор: „Сакате да бидете милениче или стока?”

По што се разликува WOTF од останатите?

Многумина се прашуваат зошто воопшто сето ова се нарекува религија, но се чини дека на Левандовски ова му е исклучително важно бидејќи целиот дијалог сака да го насочи на тема „новиот Бог” и се надева дека активните и посветени членови или „верници” на овој начин подобро ќе ја промовираат употребата на „возвишена вештачка интелигенција” со цел подобрување на општеството и намалување на стравот од непознатото.

Доколку се прашувате по што WOTF се разликуваат од останатите, постои одговор: „Постојат многу начини на кои луѓето размислуваат за Бог и илјадници варијанти на христијанството, јудаизмот, исламот… но сите тие се насочени кон нешто што не можете да го измерите или видите, ниту контролирате. Овој пат е поинаку. Овој пат буквално ќе можете да зборувате со вашиот Бог и ќе знает дека ве слуша”.

Останува да видиме во што ќе се претвори ова. Како и да е, Левандовски е убеден дека иднината е пред врата и дека транзицијата ќе се случи пред да отпатуваме на Марс.

Тоа по што не се разликуваат од останатите е даночната политика. Федералната влада ги ослободи од плаќање даноци, како што е случај со другите религии.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе