Xiaomi го лансира серијалот Xiaomi 13T

Xiaomi денес ги претстави најновите модели од серијата Xiaomi 13T, дизајнирани за корисници од целиот свет кои се спремни да ја ослободат својата креативност. Серијата Xiaomi 13T располага со Leica оптички леќи што им овозможуваат на корисниците да направат неверојатни фотографии, а моќните перформанси, долготрајната батерија и кристално јасниот екран овозможуваат извонредно корисничко искуство, независно дали фотографирате или гледате видea

Креирајте свои ремек-дела со помош на професионални Leica леќи

Одговарајќи на страста кон креативноста на новата генерација корисници на паметни телефони, серијата Xiaomi 13T ја носи фотографијата на професионално ниво. Со оглед на тоа што и Xiaomi 13T Pro и Xiaomi 13T доаѓаат со тројни прилагодливи камери со леќи Summicron развиени заедно со Leica, вклучително и широкоаголна камера од 50 MP со еквивалентна фокусна должина од 24 mm и оптички објектив 7P дизајнирани да снимаат повеќе светлина додека поддржуваат фотографирање со поголем динамички опсег, како и телефото објектив од 50 MP со еквивалентна фокусна должина од 50 mm. Има и камера со ултра широк агол од 12 MP со еквивалентна фокусна должина од 15 mm, која е идеална за панорамски снимки и снимање прекрасни пејзажи. Напојувани од 100% DCI-P3, и Xiaomi 13T Pro и Xiaomi 13T камерите имаат поширок опсег на бои што помага да се сними секој магичен момент со класичен Leica квалитет.

Серијата Xiaomi 13T носи два оригинални Leica фотографски стилови: Leica Authentic Look и Leica Vibrant Look, обезбедувајќи неверојатни можности за фотографирање земајќи ги предвид репродукцијата на бои, контрастите и сенките, кои се искомбинирани со Leica естетиката. Оваа серија носи дури шест Leica филтри, вклучувајќи ги најновите Leica Sepia и Leica Blue, инспирирани со Leica M-Typ240 филмскиот режим. Освен тоа, оваа серија донесува и четири нови Leica watermarks, обезбедувајќи поголем избор за композиција и големина на рамките.

Серијата Xiaomi 13T исто така располага со функција за прилагодени фотографски стилови во рамки на Pro режимот, која прв пат беше воведена на моделот Xiaomi 13 Ultra. Оваа функција им овозможува на корисниците да го прилагодат тонот, тоналитетот и текстурата во предефиниран стадиум, со задржување на повеќе детали и бои за понатамошно обработување. Омилениот стил може исто така да се зачува за ваш лично препознатливфотографски стилов, а со Xiaomi ProFocus технологијата можете да ја забележите секоја минута со неверојатни детали, независно дали станува збор за close up фотографии, објекти во движење или портрети на луѓе и пејзажи.

Снимањето на видео на ново ниво

Со Xiaomi 13T Pro, вашите видеографски соништа стануваат реалност. Влезете во светот на 10-битното LOG 4:2:0 H.265 видео снимање, кое обезбедува неодолива контрола на боите и деталите. Прединсталираната Rec.709 LUT додава професионална нота на вашите видео-снимки, создавајќи слики со неспоредлива точност на приказ на боите и визуелна длабочина преку софтверски рендерирање.

Имајќи го предвид значењето на персонализараноста, Xiaomi 13T е идеален уред за остварување на вашите креативни идеи. Преку LTU стилот можете да им додадете личен потпис на секоја видео-снимка. Исто така, овој уред донесува можност за снимање на 8K видео снимки, овозможувајќи секоја сцена, нијанса и детал да биде забележана во квалитет кој може да се проектира дури и во кино. 50-мегапикселната широкоаголна камера поддржува и OIS и EIS, обезбедувајќи фокусирано снимање, дури и при снимање во движење.

Главните камери на Xiaomi 13T поддржуваат снимање на 4K видео на сите фокусни далечини, обезбедувајќи брзо и ефикасно едитирање на снимениот материјал. Освен тоа, Pro режимот во опцијата за едитирање видео во Xiaomi галеријата обезбедува лесно уредување на наслови и дополнителни аудио-ефекти, што е идеално за создавање на кратки видео-содржини за социјални мрежи или влогови.

Содржина и звук кои оставаат без здив

Пружајќи нови нивоа на јасност и живописни бои, Xiaomi 13T Pro и Xiaomi 13T го подобруваат искуството на гледање со 6,67-инчниот CrystalRes екран кој поддржува рефреш-рејт од до 144Hz1 и резолуција од 1,5K (2712 x 1220). Серијата Xiaomi 13T користи екран со висока осветленост од 1200 нита со максимална осветленост од 2600 нита2. Обезбедува 100% DCI-P3 покривање3 со поддршка за 68 трлиони бои, обезбедувајќи HDR10+ компатибилност од крај до крај. Ова го зголемува контрастот меѓу темните и светлите делови на сликата, обезбедува текстурна деталност и овозможува подобро балансирање на сатурацијата на боите, што им дозволува на креаторите на содржина да креираат извонредна содржина, независно дали станува збор за селфија и портрети или видео записи и влогови, со неверојатен квалитет на слика. Освен тоа, располага со два вградени Dolby Atmos® звучници.

Исто така, корисниците на овие два уреди имаат право на 6 месеци бесплатно користење на 100GB Google One cloud , како и на 3 месеци бесплатен пристап на Youtube Premium4.

Извонреден перформанс со подобрено вкупно искуство

Xiaomi 13T Pro и Xiaomi 13T донесуваат значителни подобрувања во енергетска ефикасност и долготрајната батерија. Xiaomi 13T Pro користи MediaTek Dimensity 9200+ чипсет со брз осум јадрен CPU кој нуди брзини до 3,35 GHz. Исто така, вклучува вграден Arm Immortalis-G715 GPU кој подобрува обработката на сликата, така што нема потреба да се грижите за траењето на батеријата додека играте игри. Xiaomi 13T е опремен со енергетски ефикасен MediaTek Dimensity 8200-Ultra чипсет кој користи најновата TSMC 4nm технологија, што овозможува подобрување на перформансите како на CPU, така и на GPU. Термалната дисипација на процесорите во серијата Xiaomi 13T е подобрена благодарение на плочата со дебелина од 50мм од нерѓосувачки челик која го спречува прегревањето на телефонот.

"MediaTek Dimensity 9200+ во Xiaomi 13T Pro им носи перформанси на уредите од високиот ценовен ранг извонредна енергетска ефикасност , додека MediaTek Dimensity 8200-Ultra во Xiaomi 13T подобрува премиум искуството на смартфонот, рече JC Hsu, корпоративниот вицепретседател и генералниот менаџер на бизнисот за безжичната комуникација на компанијата MediaTek.

"Продолжуваме да поставуваме високи стандарди за премиум и флегшип уредите, обезбедувајќи врвни перформанси во игрите, фотографијата, вештачката интелигенција и поврзувањето, осигурувајќи дека потрошувачите ќе добијат најдоброто од своите паметни телефони во подолг временски период", додаде JC Hsu.

Xiaomi 13T Pro поддржува 120W HyperCharge, кој овозможува наполнета батерија од 100% за само 19 минути.2 Двата уреди имаат опција за брзо полнење, при што Xiaomi 13T Pro постигнува полнење од 36%, а Xiaomi 13T 21% за само 5 минути.

Развиени со ISP (Internal Shielding Protection), SOW (Safe Operating Workspace), DTPP (Dynamic Turbo Power technology) технологиите, серијата Xiaomi 13T обезбедува безбедно користење на големата батерија со капацитет од 5000mAh (тип).

Современ стил со потврдена IP68 отпорност на вода и прашина5

Одразувајќи го модерниот дизајн на серијата Xiaomi 13T, Xiaomi 13T Pro и Xiaomi 13T се достапни во две бои: Alpine blue и Black. Задниот дел на моделот Alpine Blue е обложен со премиум Xiaomi BioComfort веганска кожа со мека текстура која е исклучително комфорна за држење и ракување. За разлика од моделот Alpine Blue, црниот модел има елегантна сјајна позадина слична на стакло. Двата смартфони се издржливи а нивните IP68 оцени значи дека се отпорни на вода и прашина.

Цена и достапност

Xiaomi 13T Pro и Xiaomi 13T ќе бидат достапни во две бои: Alpine blue и Black. Во текот на претпродажбата во периодот од 27.9. до 4.10. овие уреди можете да ги купите на намалена цена од цели 8.000 денари и да добиете Xiaomi прочистувач 4 Compact. Xiaomi 13T Pro ќе биде достапен во мемориска варијанта 12+512GB, а Xiaomi 13T во 8+256GB.

Повеќе информации на следниот линк: mkd.xiaomiserbia.com

Освен тоа, Xiaomi 13T и Xiaomi 13T Pro ќе вклучуваат четири генерации на надградба на Android оперативниот систем, како и пет години безбедносни поправки.

реклама

Пијте го пред спиење: Напиток што го намалува шеќерот и помага при слабеење

Read more

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Read more

Благодарение на еден трик засадените домати ќе имаат повкусни и поголеми плодови

Read more

Почна сезоната на храна што го намалува ризикот од катаракта и до 43%

Read more

Промо

Голема роденденска прослава на Прилепска Пиварница во Прилеп

Read more

Влези во игра и патувај за Берлин или Амстердам!

Read more

Летен потрошувачки кредит, нов производ од Шпаркасе Банка

Read more

100 ГОДИНИ „СКОПСКО“ – Секој има своја приказна со „СКОПСКО“

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Не си играј со времето: Фејл компилација

Читај повеќе

Ван дер Варт: Англија е ср*ње од екипа

Читај повеќе

Американците најголеми фаворити, ФИБА ги потцени Србија и Канада

Читај повеќе

Се укинува балансерот – министерот Минчев вели дека имало злоупотреби во минатото

Читај повеќе
  • play_arrow

Избегнат страшен судир на патнички авиони на американското небо

Читај повеќе

Паста карбонара со маслинки

Читај повеќе

Ламин Јамал - ниту едно не му е презиме

Читај повеќе

Кривична против Иљази, ја оштетила Токсикологија за речиси 660 илјади денари

Читај повеќе

Мојсов: И во Исланд ќе одиме на победа

Читај повеќе