Xiaomi го претстави Redmi Note 12 Turbo и со Harry Potter верзија

Компанијата Xiaomi официјално го претстави смартфонот Redmi Note 12 Turbo во Кина, како и неговото специјално издание.

Тоа е првиот паметен телефон што го користи неодамна претставениот процесор Qualcomm Snapdragon 7+ Gen 2, кој е поврзан со до 16 GB LPDDR5 RAM и 1 TB UFS 3.1 меморија.

Redmi Note 12 Turbo има 6,67-инчен OLED екран со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz, кој вклучува дупчест отвор за селфи камера од 16 MP.

Назад има главна камера од 64 MP, како и ултра широка камера од 8 и макро од 2 MP. Уредот се напојува од батерија со капацитет од 5.000 mAh со поддршка за полнење од 67W, а користи MIUI 14 базиран на Android 13. Смартфонот поддржува Bluetooth 5.3 и Wi-Fi 6, а има и слот за слушалки, како и IR сензор.

Клиентите ќе можат да избираат помеѓу црна, сина и сребрена боја.

Моделот со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија чини 290 долари, додека 12 GB RAM и 256 GB меморија чини 305 долари. Цената на моделот со конфигурација 12/512 е 335 долари, а најскапиот од 378 долари има 16 GB RAM и 1 TB внатрешна меморија.

Xiaomi соработуваше со Warner Brothers на специјалното издание Harry Potter на Redmi Note 12 Turbo. Овој модел има простран дизајн на задната плоча и додатоци, а доаѓа со 12 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија и е со цена од 349 долари.

Продажбата во Кина започнува на 31 март, додека сѐ уште се чекаат информации за светскиот пазар.

реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Мобилни

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Read more

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Read more

Кои телефони зрачат најмногу, а кои најмалку?

Read more

Нови детали за телефонот кој треба да биде конкуренција на iPhone

Read more
 

Гик

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Читај повеќе

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе