Xiaomi ја претстави серијата 11T

Компанијата Xiaomi официјално ги претстави новите смартфони од серијата 11T, а најдобриот од новата серија е моделот 11T Pro.

Xiaomi 11T Pro го поддржува системот за брзо полнење 120W HyperCharge. Го напојува батерија од 5.000 mAh, а во пакувањето доаѓа и полнач од 120W кој може да го наполни смартфонот од 0 до 100% за само 17 минути.

За 10 минути се полни до 72%. Овој модел ќе биде достапен и во Европа.

URL

Моделот 11T Pro е поинаков од Mi 11 кој се појави претходно оваа година, а доби Snapdragon 888 процесор и камера од 108 MP. Покрај главната камера тука е и ултрашироката камера од 8, макро од 5 и селфи камера од 16 MP. Смартфонот доби 6,67-инчен OLED екран со резолуција од 1080p и фреквенција на освежување од 120Hz.

Xiaomi претстави уште два уреди со нешто послаби спецификации, а ниту еден од нив не поддржува 120W полнење. Се работи за моделот 11T со MediaTek Dimensity 1200-Ultra процесор и батерија која се полни за 37 минути, а тука е и моделот 11 Lite 5G NE со Snapdragon 778 и батерија од 4.250 mAh.

Основната цена на моделот 11T Pro изнесува 649 евра за верзијата со 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија, додека верзијата со 12 GB RAM и 256 GB интерна меморија чини 749 евра.

За 11T со 8GB RAM/128 GB интерна меморија треба да се издвојат 499 евра.

Најевтиниот модел е 11 Lite 5G NE со почетна цена од 369 евра и 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Мобилни

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Read more

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Read more

Xiaomi Civi 4 Pro е првиот смартфон со Snapdragon 8s Gen3 процесор

Read more

Како да си ги вратите фотографиите што случајно сте ги избришале од телефонот?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе