Xiaomi веќе некое време работи на камери сместени под екранот, но на пазарот сè уште нема смартфон кој ги користи.
Mi 10 Ultra требаше да биде првиот смартфон со камера под екранот, но тоа не се случи, исто како и моделот Mi 11 Ultra. Сега се подготвуваат да го претстават моделот Mi Mix 4 кој конечно ќе добие камера под екранот.
Селфи камерата ќе биде потполно невидлива кога не е во функција, екранот ќе биде ограничен на 1080p+ резолуција.
Xiaomi патентираше екран со 4 камери, но Mi Mix 4 ќе има панел со две заоблени страни.
Смартфонот ќе биде поскап од моделот Mi 11 Ultra, што значи дека ќе биде поскап од 790 евра.