Мобилни

Xiaomi: Не сакаме да нѐ знаат како производител на евтини телефони

8. март 2019 - 13:20 | К.З.

Деловната и ценовната политика на кинеската компанија Xiaomi допринесе за голем раст на производството, зголемување на побарувачката и бројот на корисници, како и на целокупната популарност на овој бренд во последните неколку години. Но, тоа набрзо може да се промени.

Xiaomi нуди прилично високи перформанси на нивните телефони и тоа по релативно ниска цена – далеку пониска од цената на конкурентските модели на пазарот.

Изгледа дека на ниските цени на моделите на Xiaomi им се ближи крајот, бидејќи веќе почнаа да кружат гласини дека компанијата има намера да ги покачи цените на телефоните од целата производна линија. Тоа го најави и извршниот директор и соосновач на компанијата, Ли Џун.

„Сакаме да се ослободиме од репутацијата на производител чии смартфони чинат помалку од 2.000 јуани (околу 300 долари). Сакаме да инвестираме повеќе и да правиме подобри производи. Нашите телефони во иднина би можеле да бидат поскапи – можеби не многу, но сепак поскапи“, изјави Џун.

Тој откри дека менаџментот на компанијата рекол дека актуелниот модел Mi 9 би можел да биде последниот флегшип модел од компанијата кој ќе биде понуден по цена пониска од 3.000 јуани (околу 445 долари).

Инаку, Xiaomi веќе го издвои Redmi како свој подбренд, под кој ќе произведува и пласира на пазарот уреди со пристапни и поевтини цени.

Коментирај