Интернет

YouTube ги откри десетте најгледани реклами во 2019

26. декември 2019 - 14:45 | Б.С.Б.

Шест од најдобрите десет најгледани реклами на YouTube годинава потекнуваат од Супер Бол настанот што се одржа во февруари годинава. Тоа значи дека публиката сака да гледа добри реклами и во остатокот од годината.

На првото место е рекламата на Amazon со наслов „Not Everything Makes the Cut“ со Харисон Форд и Форест Витакер и има над 39,5 милиони прегледи на YouTube.

Потоа следува рекламата на Hyundai, исто така прикажана на Супер Бол, со 38,9 милиони прегледи. На третото место е рекламата на Gillette, со 32,8 милиони прегледи.

Apple е на четвртата позиција со рекламата во која го претстави iPhone 11 во септември, со 31,8 милиони прегледи.

Целосното време за сите реклами од топ 10 листата е околу 275 милиони минути, со 230 милиони прегледи, од 1 јануари до 1 декември 2019 година.

Рангирањето на YouTube се врши со алгоритами.

1. Amazon - „Not Everything Makes the Cut“ - 39,5 милиони прегледи

2. Hyundai - „The Elevator“ - 38,9 милиони прегледи  

3.Gillette - „We Believe: The Best Men Can Be“ -  32,8 милиони прегледи

4. Apple - „Introducing iPhone 11“ - 31,8 милиони прегледи

5.Bosch - „The Internet of Things presents“ - 23,3 милиони прегледи

6. Doritos - Chance the Rapper x Backstreet Boys Super Bowl - 16,7 милиони прегледи

7. Audi - „Audi Presents: Science Fair“ - 14,8 милиони прегледи

8. Stella Artois - Change Up The Usual - 13,9 милиони прегледи

9. Nike - Dream Crazier - 11,1 милиони прегледи

10. NFL - The 100-Year Game - 7,3 милиони прегледи

Коментирај