YouTube има нов крал, PewDiePie повеќе не e јутјубер со најмногу претплатници

Шведскиот креатор му ја отстапи титулата за најпретплатена личност на YouTube на Џими Доналдсон, попознат како MrBeast.

Дури и ако не го следите неговиот канал или едноставно не поминувате многу време на платформата YouTube, сигурно сте слушнале за PewDiePie. Шведскиот креатор, чие вистинско име е Феликс Кјелберг, беше личноста со најмногу претплатници на платформата речиси една деценија, но на тоа владеење сега му дојде крајот, бидејќи беше надминат од Џими Доналдсон, попознат како MrBeast.

Во август 2013 година, PewDiePie ја презеде титулата за најпретплатен канал на платформата YouTube од каналот Smosh, со околу 11,9 милиони претплатници. Во 2014 и 2016 година, Кјелберг стана првата личност чиј канал достигна 20, односно 50 милиони претплатници. За жал, и покрај напорите на заедницата да го задржи неговиот канал на прво место, во што MrBeast имаше голема улога, каналот на T-Series го надмина Кјелберг и стана првиот канал со 100, а потоа и 200 милиони претплатници. Сепак, бидејќи T-Series е компанија, PewDiePie остана поединецот со најмногу претплатници на платформата и моментално има 111 милиони претплатници.

URL

MrBeast го започна својот канал во 2012 година и содржината на неговите први видеа главно се состоеше од Call of Duty и Minecraft гејмплеј, но тој премина на содржината по која го знаеме денес - доделувајќи огромни парични награди.

Самиот PewDiePie во август призна дека очекувал MrBeast да го надмине, откако неговиот ривал достигна 100 милиони претплатници. Кјелберг рече дека Доналдсон „дефинитивно“ ќе стане број еден и дека „го заслужува тоа“, бидејќи PewDiePie се повлече од платформата пред речиси две години, иако тој продолжува да поставува видеа на својот канал. Предвидувањето се оствари, бидејќи MrBeast сега има 112 милиони претплатници, што го прави најпретплатен човек на платформата YouTube.

Нема сомнение дека многумина ќе бидат среќни што MrBeast го зазеде првото место, особено по скандалите што го следеа Кјелберг низ годините, како што се антисемитските шеги или случајните расни навреди за време на стрим, што предизвика Disney да ја прекине соработката со него.

Од друга страна, MrBeast го достигна врвот без некои поголеми скандали и е познат по својата добротворна работа. Јутјуберот има посветен канал за филантропија со 10 милиони претплатници, а исто така има лиценцирана добротворна организација која работи како банка за храна и врши неделни испораки до локалните заедници.

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе