Апликацијата на видеоплатформата YouTube наменета за оперативниот систем iOS на Apple ќе им овозможи на корисниците опција „слика во слика“.
Тоа е опција што ќе им овозможи на корисниците да гледаат клипови на YouTube додека извршуваат други работи на iPhone и iPad уредите. Портпарол на YouTube рече дека опцијата полека стигнува до Premium претплатниците, по што ќе биде достапна и за другите корисници на iOS.
Apple веќе овозможи „слика во слика“ видео како минијатурен плеер за iPad со доаѓањето на iOS 9, а потоа и на iPhone кога се појави iOS 14. Оттогаш, поддршката од YouTube за оваа опција е „климава“, достапна е за iPad кога се користи Safari, иако некои корисници пријавија дека не можат да ја користат ако не се Premium претплатници. Само повремено им беше достапна на корисниците на iPhone.
Сепак, дојде време да се решат компликациите, барем за корисниците во САД, бидејќи корисниците на iOS, Premium и без претплата, наскоро ќе имаат опција „слика во слика“ за апликацијата YouTube. Точниот датум уште не е познат.