YouTube Music им овозможи на корисниците да создадат своја радио станица

Google им овозможи на корисниците на стриминг сервисот YouTube Music да создаваат свои радио станици базирани на специфични изведувачи, како и да подесуваат алгоритам кој ќе одлучува кои песни ќе се пуштаат.

Оваа нова опција е наречена Radio Builder, а корисниците почнаа да добиваат пристап во вторникот. Може да ѝ се пристапи со скролање до секцијата „ваш музички тјунер“ на почетната страница на YouTube Music во iOS или Android апликацијата.

Кога корисникот прави своја страница, може да изберре до 30 изведувачи, но и да одбере дали сака да слуша само нивна музика или да додаде песни од слични музичари. Исто така, можно е да се одбере пуштање само песни кои му се познати на корисникот, или комбинација, како и да се додадат филтери кои овозможуваат подесување на миксови.

YouTube оваа опција почна да ја тестира минатата година.

Иако YouTube Music од порано има многу станици и миксови засновани на алгоритам, можноста да се создаваат такви што корисниците сами ги контролираат претставува одлична опција кога сакаат да слушнат нешто специфично, но не се расположени за рачно создавање на листа.

Новата опција е достапна за претплатените, но и за оние кои бесплатно користат YouTube Music.

Тагови
реклама

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Read more

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Read more

Колку долго човек може да остане буден?

Read more

Софтвер

Како да ги исклучите здодевните барања за оценување на апликациите?

Read more

Руска компанија претстави конкурент на ChatGPT

Read more

Instagram смета дека нема доволно реклами, ќе ги праќа во нотификации

Read more

Шест знаци дека некој ви го шпионира компјутерот

Read more
 

Гик

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Читај повеќе

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Читај повеќе

Колку долго човек може да остане буден?

Читај повеќе

Креативни начини како подобро да го организирате вашиот фрижидер

Читај повеќе

Познати првите детали за телефонот Samsung Galaxy S24 Ultra

Читај повеќе

Откриена планета голема колку Јупитер, но со густина поголема од олово

Читај повеќе

Илон Маск стана најследената личност на социјалната мрежа што си ја купи

Читај повеќе

Младите повеќе ги сакаат легендарните „глупави телефони“

Читај повеќе

Virgin Orbit се откажа од вселенските операции, отпушта 90 отсто од вработените

Читај повеќе