YouTube подготвува револуција: Со вештачка интелигенција ќе можат да се ремиксира музика

Ако некогаш сте посакале да го промените тонот на песната што сте ја додале во вашето видео, YouTube наскоро ќе може да го направи тоа со помош на вештачка интелигенција.

Вештачката интелигенција сѐ повеќе станува составен дел од алгоритмите на нашите омилени апликации. YouTube го следи овој тренд, а наскоро ќе направи пробив со нова опција која вештачката интелигенција ќе ја обезбеди на оваа платформа.

Корисниците на YouTube, кои се креатори на содржини, наскоро ќе можат да ја ремиксираат музиката што сакаат да ја користат за креирање на нивните Shorts видеа.

Креаторите можат да изберат песна што сакаат да ја ремиксираат, а вештачката интелигенција потоа ќе генерира нова саундтрак што одговара на таа спецификација.

Алатката за вештачка интелигенција ја користи технологијата Dream Track на YouTube, која се заснова на успешна соработка со американски уметници. Интересно е тоа што познатите уметници како Чарли XCX, Деми Ловато, Џон Леџенд, Сиа, Ти-Пеин и Чарли Пут дале дозвола за користење на нивните вокали.

Една од клучните предности на оваа алатка е јасно нагласената врска помеѓу новата и оригиналната мелодија. YouTube истакнува дека сите ремиксирани саундтракови ќе го имаат наведено нивното потекло. Така, гледачите ќе знаат дека новиот звук е резултат на работата на вештачката интелигенција, но и на човечки труд.

Новите алатки на YouTube за ремиксирање музика со вештачка интелигенција ја отвораат вратата за нови креативни можности и предизвици во музичката индустрија. Иако е релативно нова технологија, предностите што ги носи за креаторите на содржини и љубителите на музика се очигледни.

Се очекува YouTube да продолжи да ги проширува своите способности за вештачка интелигенција за да го подобри искуството на публиката и да го олесни создавањето содржина.

Тагови
реклама

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Софтвер

OpenAI е подготвен да го купи Chrome од Google

Read more

Сте се запрашале колку чини нашата благодарност кон четботовите?

Read more

OpenAI ги напаѓа Маск и Закерберг: Доаѓа ChatGPT социјална мрежа!?

Read more

Новите GPT-4.1 модели на вештачка интелигенција се фокусираат на програмирање

Read more
 

Гик

Apple планира драстични промени за јубилејниот iPhone

Читај повеќе

Зошто сите руски космонаути мочаат на гума од автобус пред да полетаат во вселената?

Читај повеќе

Вештачката интелигенција лаже за тоа како размислува

Читај повеќе

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Читај повеќе

Google Earth од XV век: Приказна за монахот кој го мапирал светот

Читај повеќе

Razer го претстави својот прв вертикален глушец

Читај повеќе

Кина размислува за изградба на нуклеарен центар на Месечината

Читај повеќе

Strava сега може да го предвиди финишот на трката

Читај повеќе
  • filter

OnePlus го претстави паметниот телефон 13T

Читај повеќе