Авто новости
Редовно во врвот на ваквите листи

Yugo повторно меѓу најлошите

15. декември 2011 - 17:54 |

На американскиот сајт Indideline објавена е листата на „100 најлоши автомобили на сите времиња“. Иако не ја освои првата позиција, некогаш „нашето“ Yugo се пласираше меѓу првите 10, како по обичај. Попрецизно, „југослав“ се најде на четвртата позиција во прилично силна конкуренција.

Авторите велат дека иако делува неверојатно, Yugo-то од 1987 година „е толку лошо, колку што сугерира неговата цена“.

Првото место на листата го завзеде Pontiac Aztec од 2001 година, за кој е речено дека ја освои титулата затоа што е „единствениот автомобил кој успеал да уништи 84-години стара компанија која го произвела“.

Во врвот  се најде и Ford Mustang II (1974), BMW Isetta (1955), но и Oldsmobile Cutlass Supreme Diesel (1979), автомобил кој од 4,3 литарски V8 мотор успевал да извлече „фантастични“ 90 кс.

Како и секоја листа, и оваа не е совршена, нормално. Голема неправда го знајте Trabant, кој го зазеде дури деветтото место.

Еве ги првите 15:

1. Pontiac Aztek (2001)
2. Ford Mustang II (1974)
3. BMW Isetta (1955)
4. Yugo (1987)
5. Chevrolet Vega (1971)
6. Saturn Ion (2003)
7. Edsel Corsair (1958)
8. Cadillac Cimarron (1982)
9. Trabant (1957 )
10. Oldsmobile Cutlass Supreme Diesel (1979)
11. Chevrolet Series D (1917)
12. Renault Alliance (1983)
13. Reliant Robin (1974)
14. Lamborghini Espada (1968)
15. Chrysler TC by Maserati (1989)

Коментирај