Хроника

За 24 часа уапсени девет лица за поседување дрога

14. декември 2019 - 11:28 | А.С.

Скопје, 14 декември 2019 (МИА) – Во текот на изминатите 24 часа полицијата на Република Северна Македонија изврши девет лишувања од слобода на територијата на земјата по основ „поседување дрога“.

На 14 декември 2019 околу 1:00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода Ф.Х.(31), Х.Н.(48) и 31-годишната Е.Н. од гостиварска Долна Бањица, затоа што при претрес извршен со судска наредба од 23 до 1:00 часот, во стан на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, а кој под закуп го користел Ф.Х, пронајдени се 64 пакувања кокаин и дигитална вага. Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

На 13 декември 2019 околу 14.30 часот полициски службеници на СВР Тетово на улица „Вонвардарска “ во Тетово ги лишиле од слобода Ш.И.(31),Ј.Е.(31), С.Н.(25) од Тетово и Б.А.(24) од тетовско Седларево, затоа што при нивен и преглед на возилото „рено“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово и против нив ќе следува содоветен поднесок.

На 14 декември 2019 во 00.15 часот во населба Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Б.(33) и С.А(39) и двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена дрога. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коментирај