За безбедни и весели празници – возете одговорно!

Билтенот на Министерството за внатрешни работи во пресрет на Нова Година и Божиќ, покажува голем број на сообраќајни незгоди и голем број на загинати и повредени лица на патиштата во Република Македонија. Секојдневно сме сведоци на сообраќајни незгоди со фатални последици кои се предизвикани од брзо и агресивно однесување во сообраќајот, возење под дејство на алкохол, итн. Водејки се од тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината. 

Статистиката потврдува дека и понатаму доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици е факторот човек. Неодговорните возачи, неодговорните пешаци, велосипедисти, мотоциклисти... го загрозуваат безбедното одвивање на сообраќајот. За жал и понатаму, особено кај младите,  преовладува перцепција дека сообраќајните незгоди се случуваат на некои други лица и дека лично не се погодени од опасноста да настрадаат во сообраќајна незгода, се до моментот додека не станат жртва - учесник во сообраќајна незгода.

Токму затоа РСБСП апелира на разум, свест и одговорност. Секој учесник во сообраќајот да ја преземе сопствената одговорност за негово безбедно одвивање.   Посебно,  РСБСП апелира до  возачите:   

  • да не  управуваат моторно возило под дејство на алкохол
  • да не ги користат возилата доколку немаат реална потреба, а особено да не ги користат возилата за време на предновогодишните и новогодишните прослави и веселби.
  •  да бидат смирени и фокусирани и  да не се однесуватат агресивно во сообраќајот. Агресивното и нервозно учество во сообраќајот нема да ја намалат гужвата и метежот во сообраќајот.
  •  да ја прилагодат брзината кон моменталните услови на патот и ситуацијата во која во моментот се наоѓаат.
  •  да држат соодветно растојание меѓу возилата.
  •  да возат одморени, со претходно испланирано патување и со редовни паузи за време на патувањето.
  • ако патуваат со деца во возилото, да им обезбедат сигурно патување со тоа што ќе им обезбедат соодветно детско седиште.

Празниците се време за радост, за уживање и за дружење со најблиските. Не дозволувајте  сообраќајна незгода да ви   го наруши празничното расположение на вас и вашите најблиски. Возете внимателно и одговорно. За среќни и весели празници!

И ВО НОВАТА ГОДИНА БЕЗБЕДНОСТА ИМА ПРЕДНОСТ.  “2018 – НЕКА БИДЕ НАЈБЕЗБЕДНА ДОСЕГА„ – ВОЗИ ОДГОВОРНО!   

 -  Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе