Состојбата во Општина Бутел е алармантна, повеќе од десет дена екипите ЈП Комунална Хигиена-Скопје кои се под директна команда на Данела Арсовска, се немаат појавено на поголемиот дел од територијата на Општина Бутел, вели градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.
„За Данела Арсовска Општина Бутел како да не постои“, посочи Костовски.
„Сликите се застрашувачки, ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата. Додека не е доцна, апелирам слижбите на КХС-Скопје веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните“, рече Костовски и додаде:
„Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините за да не трпат граѓаните“.
❗️ ЗА ДАНЕЛА АРСОВСКА ОПШТИНА БУТЕЛ КАКО ДА НЕ ПОСТОИ ! Состојбата во Општина Бутел е алармантна, повеќе од десет дена...
Posted by Дарко Костовски on Tuesday, July 9, 2024