Овој напиток е вистинска витаминска бомба со која може енергично да го почнете денот.
Потребни состојки:
-две киви
-едно поголемо јаоблко
-1 портокал
-сок од половина лимон
-мед
-цимет
-1 дл вода
Начин на подготовка:
Излупете го овошјето и ставете го во блендер. Сипете постепено вода, а потоа додадете цимет и мед, па продолжете да мешате.
Пијалакот послужете го во чаша или понесете го со вас на работа, идеален е за почеток на работниот ден.