За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Од 3 до 9 февруари пријавени се 2.880 случаи на зболени од грип и респираторни заболувања слични на грипот, што е за 5,1% помалку во споредба со претходната недела.

Според податоците на Инстутот за јавно здравје, во однос на истата недела минатата годинa, сега е забележано зголемување за дури 53,6%.

Од заболените оваа недела, 1.552 лица се на возраст помеѓу 15 и 64 години. 685 кај деца на возраст од 5 до 14 години, 317 кај деца на возрст од 0 до 4 години, 272 кај лица над 65 години, информира директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска.

Најмногу пријавени случаи на грип има во Скопје по што следуваат Струмица, Битола и Свети Николе.

Во однос на вкупниот број на заболени оваа сезона, досега има пријавено 11.614 лица, што во споредба со мината година претставува зголемување од 10,2 проценти.

„Како заклучок може да се констатира дека се забележува зголемување на бројот на зболени од вируси слични на грипот, кој е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени покажуваат дека има широка географска активност на вирусот, а проценот на позитивност е над границата од 10 проценти пет недели по ред. Во согласност со податоците, Македонија има висок интензитет на вирусот на грип во овој период“, рече Андоновска.

Бројот на заболени е зголемен и во регионот и во другите европски земји.

Тагови
реклама

Македонија

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Read more

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Read more

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Read more

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Read more
 

Вести

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Читај повеќе

Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Читај повеќе

Три земјотреси ја погодија Грција во еден час

Читај повеќе

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Читај повеќе

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Читај повеќе

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Читај повеќе

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Читај повеќе

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Читај повеќе

Девојка допирана по телото на автобуска постојка во Центар

Читај повеќе